Автомобили > Генерално за Автомобилите

Продавање и префрлање возило, одјавување таблички, итн...

<< < (3/6) > >>

balanar:

--- Цитат: zeroSignal на 03 Декември 2025, 14:41:00 pm ---Одјави го, продади го. Па новиот газда нека извади пробни таблици, нека тера каде што ќе тера и нека си го регистрира на негово име. Тоа ми е многу пологично и побезбедно, особено сега со камериве и казниве. Оди докажувај се дека си го продал, ама новиот газда не го префрлил на негово име.

--- Крај на цитатот ---

Лесно е да кажеш - Одјави го, продади го.

А што ако ти е единствено возило и треба да го возиш до сама продажба?
Или не мора да е единствено, ама го користиш секојдневно.

А што ако не го продадеш? Што ако купувачот се откаже, ќе го тепаш?
Ќе чекаш друг купувач, а колата одјавена? И да најдеш - ќе сака да го провери во X сервис или да го провози. Ќе го возите нерегистрирано или како?

Не е баш така како што се обидувате да преставите дека е најлесно.
Далеку е од најлесно.

По сите правила и закони во државава е сосема ОК да продадеш возило, па после сите процедури.

За Сејф Сити си имаш купопродажен договор од нотар, стварно не ве разбирам што е проблемот.
Исто како и што беше досега ако направи глупост новиот газда, а сеуште е со старите таблици и сообраќајна.
Моментот кога потпишуваш на нотар - возилото повеќе не е твое.
Во какви и да криминални дејствија, кривични или прекршочни да учествува тоа возило - ти не си крив.

Bicikle:

--- Цитат: Tommy на 03 Декември 2025, 13:39:20 pm ---
--- Цитат: Bicikle на 03 Декември 2025, 12:25:01 pm ---bace, zabraneto e da vozish so vrzani oci ?

--- Крај на цитатот ---

....

--- Крај на цитатот ---
ако не е забрането, тогаш е дозволено, што е далеку по не безбедно од возење па и 90...


Добро, еве од нас кој би купил возило без да го сврти 1 круг да речиме, или да го однесиш на проверка. До друг град ќе треба шлеп- сигурно ќе преферира некој што продава кола со таблици... може дур ја пробува на вози 60 низ град... и ред други работи. едино препознавање на фаци...

Silvester:
Најлогична и најдобра процедура е таа што ја пиша @zeroSignal . Ја продаваш колата, одите со купувачот на технички, ги одјавуваш таблиците, вади пробни таблици купувачот и пичи. Но ова кошта 2000+ денари. Ако му се даваат, нема подобра опција

Simo - Carrier159:
Ја како продавач ќе му даам попуст од 2000ден. само да завршиме све што треба у еден ден и „ајт сиктер да не те гледам, видено-купено“.

Carpathian Lord:

--- Цитат: Silvester на 03 Декември 2025, 15:21:02 pm ---Најлогична и најдобра процедура е таа што ја пиша @zeroSignal . Ја продаваш колата, одите со купувачот на технички, ги одјавуваш таблиците, вади пробни таблици купувачот и пичи. Но ова кошта 2000+ денари. Ако му се даваат, нема подобра опција

--- Крај на цитатот ---

Таблиците се одјавуваат во МТВ (МВР). Како и во другите градови. Мора да се оди во МВР.

После со одјавените таблици, треба пробни таблици со осигурување.

Навигација

[0] Индекс на пораките

[#] Следна страница

[*] Претходна страница

Оди на целосна верзија