Автомобили > Генерално за Автомобилите

Продавање и префрлање возило, одјавување таблички, итн...

<< < (2/6) > >>

balanar:
Сепак грешка сум, сега ми текна.
Редоследот ми е утнат.

Се вратив со друга кола за Скопје (со таблиците под мишка) за тој да ги одјави таблиците и сообраќајната, па другиот ден ја регистирав на штипски таблици.

zeroSignal:
Во однос на процедурава, не е логично да се одјават истиот ден таблиците, да се извадат привремени и со нив да се отиде до дома? Да се елиминира акањето натаму-наваму?

Баш како што кажа @MecheTo погоре.

balanar:
А како би одјавил возило што не е продадено?
Ниту е полисата истечена.

Јас така го разбрав Мечето, прво некој да го одјави возилото, па да го продава на нотар.


--- Цитат: MecheTo на 03 Декември 2025, 13:47:33 pm ---Затоа се продава возило одјавено(по правила и закон)

--- Крај на цитатот ---

И што правиме ако купувачот се откаже и не се ни појави на нотар, а ти возилото си го одјавил?
Со пред-купопродажен договор и аванс од негова страна за да се осигураш дека ќе го купи?
Или ќе си вадиш нови таблици и сообраќајна ако не ти потпише на нотар, како попче?
Абе важи.

Нема никаква поента да одјавувам возило, па да продавам.
Затоа си постојат и такви процедури како погоре. И тоа законски процедури, не си ги измисливме ние. Мечето пишал „по правила и закон“ што се коси со реалноста.
Демек незаконски е ако одјавуваш возила после продажба.

zeroSignal:
Зошто да не можам да го одјавам? Можеби сакам да го чувам возилото, ама не сакам да го возам. Да биде во музеј, или да си го чувам во дневна ако сакам. Ако е одјавено, не може да биде во сообраќај. Може да е твоја сопственост, ама не смее да се вози на јавни патишта. Можеш што сакаш да му правиш.

Одјави го, продади го. Па новиот газда нека извади пробни таблици, нека тера каде што ќе тера и нека си го регистрира на негово име. Тоа ми е многу пологично и побезбедно, особено сега со камериве и казниве. Оди докажувај се дека си го продал, ама новиот газда не го префрлил на негово име.

Carpathian Lord:
Искрено не сум сигурен дали треба да одјавуваш возило пред да го продадеш (можеш се разбира, ама не мора), бидејќи сигурно до сега ќе не малтретираа на шалтер или на нотар.

Второ, при одјава на возило од еден во друг град МИСЛАМ прашуваа каде е продадено возилото (90% сум сигурен за ова).

Го префрлуваат возилото во тоа СВР.

Второ, ако го продадеш на друг човек од истиот град, нема потреба за одјава таква, така што претпоставувам процедурата е после нотар купувачот веднаш треба да оди на шалтер во МВР да му земат телефон и email и новата сообраќајна (заради потенцијални прекршоци) да биде на негово име.

Навигација

[0] Индекс на пораките

[#] Следна страница

[*] Претходна страница

Оди на целосна верзија