Автомобили > Генерално за Автомобилите
Продавање и префрлање возило, одјавување таблички, итн...
draganamon:
Еве ситуација од мене.
На 1ви Декември ја продадов колата.
Дечкото кој ја зема рече за 2 дена ќе ги одјави во полиција.
На 2ри Декември ми стига порака од Safe City за сообраќаен прекршок, поминување на црвено светло.
Сега треба јас да го барам купувачот да го молам да смени таблички.
Имајте ја ситуацијава на ум кога ке продавате ваше возило :)
MecheTo:
Со купоптодажниот докажуваш дека не си бил ти.
Затоа се продава возило одјавено(по правила и закон),а купувачот со времени табли ќе си го земе.Тоа што никој тоа не го практикува е одраз на куроболието кое владее.
Carpathian Lord:
--- Цитат: MecheTo на 03 Декември 2025, 13:47:33 pm ---Со купоптодажниот докажуваш дека не си бил ти.
Затоа се продава возило одјавено(по правила и закон),а купувачот со времени табли ќе си го земе.Тоа што никој тоа не го практикува е одраз на куроболието кое владее.
--- Крај на цитатот ---
После нотар треба веднаш да одат во МВР да се одјавува т.е да се издаде нова сообраќајна? Претпоставувам тоа е решението.
balanar:
Јас кога го купив Леонот од Скопје:
- потпишавме на нотар
- се вратив со Леонот во Штип (со скопските таблици, скопската сообраќајна, постоечката АО полиса и со купопродажниот договор од нотар)
- утредента извадив штипски таблици, нова штипска сообраќајна, префрлена и АО полисата на мое име
- се вратив во Скопје вториот ден со извадените скопски таблици, па претходниот сопственик ги одјави во МВР (во МТВ) со неговата копија од купопродажниот договор и со скопската сообраќајна дозвола.
Silvester:
--- Цитат: balanar на 03 Декември 2025, 14:03:21 pm ---Јас кога го купив Леонот од Скопје:
- потпишавме на нотар
- се вратив со Леонот во Штип (со скопските таблици, скопската сообраќајна, постоечката АО полиса и со купопродажниот договор од нотар)
- утредента извадив штипски таблици, нова штипска сообраќајна, префрлена и АО полисата на мое име
- се вратив во Скопје вториот ден со извадените скопски таблици, па претходниот сопственик ги одјави во МВР (во МТВ).
--- Крај на цитатот ---
Изваде таблици без притоа да ти е одјавена сообраќајната и старите таблици? Ова само со врски или си нешто грешка.
Може му ги имаш пратено талбиците по карго да ти ги одјават па ти ја вратиле одјавената сообраќајна и после тоа си извал нови таблици.
Навигација
[#] Следна страница
Оди на целосна верзија