Автор Тема: Проблем со Палење Астра Х  (Прочитано 379 пати)

Отсутен AstraH

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 19
  • BUKSNV
Проблем со Палење Астра Х
« на: 07 Јули 2025, 12:31:33 pm »
Здраво Друштво

Имам Opel Astra H 1.7 CDTI  2007 година и имам проблем што се јавува понекогаш после подогло возење.
 Главно, после околу 2-3 часа возење, кога ќе застанам и ќе ја исклучам колата на кратка пауза (околу 20 минути), кога ќе се обидам повторно да ја запалам, долго време вергла (околу 30 секунди) и не сака да запали. Обично после 3-4 обиди успева да запали, но понекогаш се слуша и невообичаен звук како “гребење” при палењето.

За инфо: Акумулаторот е сменет пред 2 недели, бидејки бев на пат и стариот го испразнив со вакво палење.

Ви благодарам однапред за било каква информација.

Отсутен Diesel

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6433
Одг: Проблем со Палење Астра Х
« Одговори #1 на: 07 Јули 2025, 12:42:59 pm »
Да не ти солзат дизните?

Отсутен AstraH

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 19
  • BUKSNV
Одг: Проблем со Палење Астра Х
« Одговори #2 на: 07 Јули 2025, 13:11:22 pm »
Како можам ова да го проверам?

При возење колата си нема никаков проблем, Нема misfire или слично,
Воопшто не помислив на дизните.

Јас се сомневам на Сензор на Радилица,
Можно ли е тоа да биде проблемот?

Отсутен Diesel

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6433
Одг: Проблем со Палење Астра Х
« Одговори #3 на: 07 Јули 2025, 13:15:26 pm »
Кај бензинците, ако капат дизните, се полни комората на клипот со гориво и дур не се согори тоа гориво, вергла ама не пали.

Тоа правам муабет за малку ако солзат. За многу, хаварија може да стане.

Отсутен KaZaN

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3950
  • Шуруп Мајстор
    • Шуруп Мајстор
Одг: Проблем со Палење Астра Х
« Одговори #4 на: 07 Јули 2025, 17:09:17 pm »
Кај мене на Меривата, исто 1.7cdti, на ладна кола палеше од прва, без проблем.

Штом загрее, од втора, од трета, со долго верглање.

Проблемот се реши со промена на филтер за нафта.

Не викам дека кај тебе е исто, ама не е скапа инвестиција, и вреди да се проба.

Sent from my Xiaomi 13T


Отсутен Busav

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3926
Одг: Проблем со Палење Астра Х
« Одговори #5 на: 07 Јули 2025, 18:43:10 pm »
види и сензор на радилица
Барам девојка која ке си го продаде бубрегот за да си купам кола :)

Отсутен Power to the people

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6811
  • Медалист, Олимпијада за Сарказам Перу '98
Одг: Проблем со Палење Астра Х
« Одговори #6 на: 08 Јули 2025, 08:53:23 am »
На дијагностика треба да ти кажи ако е сензор на радилица/брегаста.

Отсутен AstraH

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 19
  • BUKSNV
Одг: Проблем со Палење Астра Х
« Одговори #7 на: 08 Јули 2025, 10:33:09 am »
Вчера ја однесов и ја оставив на електричар,
На дијагностика не јави ништо.

Сеуште чекам да видам што е проблемот.