Здраво, се работи за Рено Меган 3 2011. При поаѓање, го прави овој звук, не го прави секогаш 70% од времето, кога е на угорница, или при поаѓање со помал гас. Кога поаѓам со поголем гас звукот е поблаг или го нема, односно кога вибрациите се поголеми звукот е појак. Мене ми звучи како звук од кабината некоја пластика под воланот можеби, го проверив филтерот за кабина не е од таму. Дали некој може да помогне или имал некој сличен проблем?