Ја имаш пробано пред неколку години, кога го земав првиот златен медал. Ги споделив тие 20л шо останаа со вас. Од тогаш ставив поголема количина која излезе од зреење ова лето.
Аманет е уникатна, убава на свој начин.
Тврда мислам на традиционална ракија, не виски стил како другите.
Аманет е зреен со парчиња дрво од наше поднебје, и тие дрвца немаат своиства и шекери како дабот да ја она ептен легнат ракијата, и истата останува малку така тврда, традиционален шмек ракија. Но е одлична и мене лично со нашето мезе, Аманет ми лежи најмногу. Букето Аманет го има, но со контра стил од виски стил ракиите.
Во врска со вина, почнавме од оваа година, спремни се, се чека инспекторот да помине да земе мостри и да даде одобрение после анализите.
Вака стојат работите:
SAUVIGNON BLANC
ТРПЕЗНО БЕЛО ВИНО
Високо квалитетно бело суво вино, направено 100% од сортата Бел Совињон, со контролирано потекло од Тиквешкото виногорје.
Вино го карактеризира златно зеленикава боја, проследено со силен карактер и интензивни ароми.
По мое кажано многу комплексно вино на ароми и јачина. Ако не се продаде брзо, ќе треба да се прихавам на лечење од алкохолизам
-------------------------------------------
CHARDONNAY
ТРПЕЗНО БЕЛО ВИНО
Високо квалитетно полу слатко бело вино, направено 100% од сортата Шардоне, со контролирано потекло од Тиквешкото виногорје.
Вино го карактеризира златна боја, проследено со мек, нежен карактер и интензивни ароми.
По мое кажано, нежно кротко винце но исто комплексни и силни ароми. Двеве вина се вина кои јас два пати ги мирисам по вртење во чаша, а еднаш пивнувам.
-------------------------------------
MERLOT
ТРПЕЗНО ЦРВЕНО ВИНО
Високо квалитетно црвено вино, направено 100% од сортата Мерлот, со контролирано потекло од Тиквешкото виногорје.
Вино го карактеризира вибрантно црвена бордо боја, проследено со нежен карактер, шарени цветни и овошни ароми.
По мое кажано, питко црвено вино, шаренолико на ароми и вкус, разиграно.
------------------------------------
VRANEC
ТРПЕЗНО ЦРВЕНО ВИНО
Високо квалитетно црвено суво вино, направено 100% од сортата Вранец, со контролирано потекло од Тиквешкото виногорје.
Вино го карактеризира изразено силна и темна црвена боја, проследено со силен карактер и интензивни овошни ароми.
По мое кажано вино со силен карактер, рамно и суво вино проследено со убави овошни ароми, но над аромите надвладува карактерот.
-------------------------------------------
SMEDEREVKA
ТРПЕЗНО БЕЛО ВИНО
Високо квалитетно бело суво вино, направено 100% од сортата Смедеревка, со контролирано потекло од Тиквешкото виногорје.
Вино го карактеризира златнo жолтеникава боја, проследено со нежен карактер и нежни дискретни ароми.
По мое кажано с и од други, мајка на вината. Мека, питка, дискретни ненападни ароми, да се изнапиеш.
------------------------------------------------------------------------
Вранецот и Смедеревката ќе одат рефус во 1.5л пластична нова амбалажа.
Вранецот, Мерлото, Совињонот и Шардонето ќе се во 0.75л стакло, брендирани.
Други информации ПП.
Благодарам.