Автор Тема: ПРАВИЛА ЗА ОБЈАВУВАЊЕ ОГЛАС! - Прочитај пред да објавиш оглас!  (Прочитано 21524 пати)

Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 29587
    • CARclub.mk
Со цел малку поорганизирано да работи форумот за продавање, од денес важат следниве правила за објавување било каков оглас:

- Во името на темата наведете го точно она што го продавате.
- За секоја работа која се продава мора да има соодветен опис.
- Препорачано е вклучување и слика од тоа што се продава (доколку е возможно и соодветно).
- Огласот мора да има вклучено цена.
- Само линк до оглас на Реклама5/Пазар3 итн не е доволен за огласот да се смета за валиден и според правилата.
- Од 28.02.2013 сите огласи чиј наслов ќе биде напишан исклучиво со големи букви (односно, со вклучен CAPS LOCK) ќе бидат веднаш избришани, без толеранција и предупредување.
- Bump на оглас е дозволен еднаш неделно - најмалку на 7 дена.

Огласите кои нема да ги следат овие правила ќе бидат избришани. Коментарите кои нема да се однесуваат на огласените работи ќе бидат бришени.

Благодарам.
« Последно менување: 09 Септември 2014, 10:23:44 am zeroSignal »

Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 29587
    • CARclub.mk
Одг: Правила за објавување оглас!
« Одговори #1 на: 28 Февруари 2013, 08:15:02 am »
Дополнување на правилата - 28.02.2013 - додадено правило за CAPS LOCK и Bump.