Јас не знам од каде дојде толкаво величање на половни коли како единствено разумен и интелегентен избор.
Еве пред малку гледав една комшика како се мачи со 207, претходно нерви искина со Меган2 и Мазда2, а што убаво си го возеше на ново купеното Спаркче (го продаде по совет од муж и бидејки немало клима).
Мојата пак у несвест ќе паднеше кога и реков да го повози Меганот, голем и бил.
Откако положила немала возено па зеде часови преку автошкола, возеше некоја Корса. Од што беше канта сакаше да се откаже и воопшто да не вози кола.
Кога почна да ја вози i10ката (нова), вика, па оваа кола ептен лесна за возење.
Пред да ја земам i10 си мислев некое половно од таа класа до 4.000/5.000 евра.
Се убив од разгледување кршеви, дефинитивно дигнав раце кога разгледувајки ново Ц1 ми понудија и половна, оставена старо за ново...
Си реков, i'm too old for this sheet

додај си уште некое 1.000че и земи си од салон за да не висиш по гаражи.
Начекав кампања и го лапнав i10 за 7,500 евра.
Среќата ми била таква да 2.5 години често одев на сервис, ја прифаќаа одвреме, навреме додека не се откри фалинката, но затоа пак беше под гаранција и не ме кошташе ниту денар (сменети еден куп сензори, тпс, еку, работна рака).