Автор Тема: Сервис за Шкода  (Прочитано 1251 пати)

Отсутен Astra 08

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 179
Сервис за Шкода
« на: 02 Јуни 2024, 07:16:04 am »
Здраво клабери, ако може да споделите искуства за сервис на Шкода ми треба сервисер за мал сервис и промена на масло во ДСГ. Возилото излегува од гарантен рок па да најдам некој саглам по препорака. Се работи за Октавиа 2020 година 2.0 дизел.

Однапред благодарам за секој совет и споделено искуство.

Sent from my SM-S911B using Tapatalk


Отсутен AUUU

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7075
Одг: Сервис за Шкода
« Одговори #1 на: 02 Јуни 2024, 07:50:43 am »
Митревски мене ми изгледше супер, сум бил неколку пати. Коректен е со цена, одличен однос.

 Е сега за ДСГ знам на некој од членовите Митревски не скааше да се нафати да го средува па мораше на друго место.

Мене само моментот со маслото не ми се допаѓа, не е воопшто скапо, ама според мене има послаби перформанси од на пример Мотул што само си го купувам и си го мењам во локален сервис. Ми беше глупо да прашувам сам да однесам.

Второ место што сум имал искуство е Др. Ауто, исто супер однос, завршена работа сосема коректно. Гледајќи по возниот парк сигурно не би имале проблем за сервис на ДСГ, 90% од колите им беа аудија и поршиња.

Отсутен yarre

  • Bearing Expert
  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1311
  • www.lagermax.mk
    • LAGERMAX
Одг: Сервис за Шкода
« Одговори #2 на: 02 Јуни 2024, 10:55:35 am »
Спомнати се двата веројатно најдобри. Со Митревски има позитивни искуства а исто и со Др. Ауто.
Јас ги користам услугите на Др. Ауто. Коректни цени, коректен однос, и сепак подобра позиционираност на сервисот во однос на Митревски.
Имај во глава дека секаде се закажува, некогаш и за 10 дена.

Отсутен FiLo

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6614
Одг: Сервис за Шкода
« Одговори #3 на: 02 Јуни 2024, 11:02:15 am »
И Дејан Авто ЦО е коректен, иако му пишува шкода, ја работи исто ВАГ групацијата.
https://www.google.mk/maps/place/CO+Plus/@41.986127,21.4346549,19z/data=!4m6!3m5!1s0x135415c934736883:0xd80c0547787ca97d!8m2!3d41.9863034!4d21.435136!16s%2Fg%2F11bz71t7df?hl=en&entry=ttu

Исто коректен е и Дејан од Сопиште, прва смена работи во Митревски, потоа попладне работи сам
https://www.google.mk/maps/place/Servis+VAG+Dejan/@41.9506995,21.4199346,18.82z/data=!4m6!3m5!1s0x135417033a174c1b:0x7184829f4a852ba2!8m2!3d41.9506849!4d21.4204122!16s%2Fg%2F11fp3ymbkc?hl=en&entry=ttu


Само кај сите се чека, некогаш и по две недели.

Отсутен AUUU

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7075
Одг: Сервис за Шкода
« Одговори #4 на: 02 Јуни 2024, 11:28:22 am »
За филтри и уље секаде ќе сменат, и сами ќе смениме, ама кога е ДСГ во прашање си бара мала мајсторија и алат, да прочита некој, колку филтри, како, се отвара, не се отвара ...

Отсутен FiLo

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6614
Одг: Сервис за Шкода
« Одговори #5 на: 02 Јуни 2024, 11:32:09 am »
Ништо не го кошта да праша.
Јас со сите тие тројца (Дејан Авто ЦО, Дејан од Сопиште и самиот сервис Митревски) сум бил и сите биле коректни.

Дури и Влатко Митревски првиот пат кога правев мал сервис и кога му спомнав што се сакам да ми провери и смени ми напомена дека ако сакам само мал сервис да правам кај него и евентуално нешто да се смени јабучица, гуртни ова она може кај него, а за се останато што е покомплицирано да си барам мајстори што си работат Фиат возила бидејки вели не сме толку специјализирани за Фиат и тоа е тоа. Коректно и искрено од него.

Отсутен ivanduk

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 48
Одг: Сервис за Шкода
« Одговори #6 на: 02 Јуни 2024, 13:23:37 pm »
ние двете октавии ги носиме во Сервис Кико веќе 12 години, не сме имале проблем никаков, единствен лош муабет за нив имам од таксист еднаш слушнато

https://maps.app.goo.gl/RgrWmMkrKL3udk8A8

Отсутен Astra 08

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 179
Одг: Сервис за Шкода
« Одговори #7 на: 02 Јуни 2024, 16:38:49 pm »
Фала многу за информациите.

Sent from my SM-S911B using Tapatalk


Отсутен Carpathian Lord

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 13933
Одг: Сервис за Шкода
« Одговори #8 на: 02 Јуни 2024, 16:40:40 pm »
Здраво клабери, ако може да споделите искуства за сервис на Шкода ми треба сервисер за мал сервис и промена на масло во ДСГ. Возилото излегува од гарантен рок па да најдам некој саглам по препорака. Се работи за Октавиа 2020 година 2.0 дизел.

Однапред благодарам за секој совет и споделено искуство.

Sent from my SM-S911B using Tapatalk



Чек колата ти е во гарантен рок, зошто бараш други мајстори. Ако не ти се допаѓаат Порше однеси ја кај Андреј наш во Струмица ќе ти ја прегледаат сѐ како што треба пред да излезе од рок.

Отсутен Astra 08

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 179
Одг: Сервис за Шкода
« Одговори #9 на: 02 Јуни 2024, 18:30:10 pm »
Здраво клабери, ако може да споделите искуства за сервис на Шкода ми треба сервисер за мал сервис и промена на масло во ДСГ. Возилото излегува од гарантен рок па да најдам некој саглам по препорака. Се работи за Октавиа 2020 година 2.0 дизел.

Однапред благодарам за секој совет и споделено искуство.

Sent from my SM-S911B using Tapatalk



Чек колата ти е во гарантен рок, зошто бараш други мајстори. Ако не ти се допаѓаат Порше однеси ја кај Андреј наш во Струмица ќе ти ја прегледаат сѐ како што треба пред да излезе од рок.
Уште малку е во рок, а Порше сега да се јавиш ќе ти дадат термин ко да се сликаш за пасош. Шо викаш може да се пројде до кај Андреј, Струмица не е далеку.

Sent from my SM-S911B using Tapatalk


Отсутен Carpathian Lord

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 13933
Одг: Сервис за Шкода
« Одговори #10 на: 03 Јуни 2024, 09:54:06 am »
Се што можеш сеа да смениш и изгледа сомнително пријавете „протокол“ нека сменат. Ако се е во ред, терај си натаму.


Отсутен Majstoriste

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 51
Одг: Сервис за Шкода
« Одговори #11 на: 16 Јуни 2024, 08:20:31 am »
Колевски во Ченто е специјализиран за VW.

Отсутен t0m1cA

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3478
Одг: Сервис за Шкода
« Одговори #12 на: 17 Јуни 2024, 11:26:56 am »
Јас си ја сервисирам кај Андреј во гаранција, башка наш човек, тоа беше причина повеќе и од таму да ја купам.

Алтернативно во Скопје можам да ти препорачам VW VAG Experts Радишани, таму Туранот го сервисирав и сега Полото, секоја пофалба за нив.

Отсутен vladic3110

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5558
Одг: Сервис за Шкода
« Одговори #13 на: 17 Јуни 2024, 12:07:37 pm »
Паметам татко ми шкодите во фирмата ги сервисираа Демир Капија, мн дубари имаше со филтри и останати делови не менати. Ова пред  7-8 години, сњга како е незнам.


Sent from my iPhone using Tapatalk
Renault Megane 3 1.6 100hp, Authentique
http://forum.carclub.mk/index.php/topic,19609.0.html

Отсутен Carpathian Lord

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 13933
Одг: Сервис за Шкода
« Одговори #14 на: 17 Јуни 2024, 14:24:12 pm »
Овој го гледам Србинов што зема возила од Швајцарија - таму не менуваат делови, не па во официјален сервис во Демир Капија.