Автор Тема: Кугла за менувач за Alfa Romeo Giulietta  (Прочитано 376 пати)

Отсутен fuzzjaw

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 427
  • Alfa Romeo Giulietta 1.4TB
Кугла за менувач за Alfa Romeo Giulietta
« на: 14 Ноември 2023, 22:02:57 pm »
Клабери, бидејќи испадна куглата од Squadra Sportiva да ја порачам и да стигнит порано отколку шо планирав, оваа шо ми беше за во меѓувреме ја ставам на оглас, неотворена, неупотребена. Денес стигна, нарачана е од AliExpress по цена од некои 17 евра.

Дизајнот е ист ко OEM куглата, за жал немам OEM кугла за да споредам изработка и материјали. Од око би рекол 9 од 10, се познаваат малку груби рабови на едно-две места (на пример долниот раб на првата фотографија).

Мислам дека не е компатибилна со други возила, освен можда евентуално Fiat Bravo, од фотографии системот за монтажа и рикверц ми изглеат ист?

Би ценел ако некој ми ја тргнит од дома по цена од 700 денари.





Отсутен osmica8

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 11741
  • Архитект
Одг: Кугла за менувач за Alfa Romeo Giulietta
« Одговори #1 на: 30 Ноември 2023, 01:06:28 am »
Fiat 500 (L - X), Fiat Tipo, Jeep (некој)... имаш муштерии.