Се извинувам што ве спамирам, но мислам дека заслужуваат различни теми сите овие.
Земав A6 C8 2020, но изненаден сум дека иако има паркинг сензори од сите страни, и фали рикверц камера.
На Aliexpress гледам има доста ефтини камери за рикверц и дури 360 за Audi A6 C8 кои се поврзуваат директно на MMI-то на колата. Дали би ми препорачале да ги земам? Познавате ли некој во Македонија кој може да ги намести доколку решам да ги земам? Или некој кој ги нуди од тука да се купат и да се наместат?
Исто така и за 360 камери сум заинтересиран бидејки сепак е A6 Avant и е малце погломазна, а и жена ми ќе ја вози, хехе. Така да би сакал по можност и 360 да и бапмнам веќе кога ќе ја модифицирам. Некакви искуства? Некој да препорачате? Какви било мислења во врска со ова?