Автор Тема: Замена на делови на менувач  (Прочитано 486 пати)

Отсутен Vladimir977

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 4
Замена на делови на менувач
« на: 06 Септември 2023, 10:53:58 am »
Сопственик сум на моторно возило од 1998 година Seat ibiza 1.4 16v 74kw. Оригиналниот менувач на возилото покажа дефект и истиот треба да го заменам. Истикот беше со ознаки 085301103H G5. Пронајдов исправен менувач со ознаки 085301103H G4. Моето прашање е дали постои разлика помеѓу двата менувачи? Доколку постои, дали може од менувачот 085301103H G4 снопот со брзините и лерот да ги преместам на куќиштето од 085301103H G5, задржувајќи го диференцијалот од оригиналниот менувач 085301103H G5.

Отсутен Carpathian Lord

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 13932
Одг: Замена на делови на менувач
« Одговори #1 на: 06 Септември 2023, 15:27:07 pm »
085301103H е она што е важно. Тоа G4/G5 можда се некои други бројки со друго значење.

Отсутен Vladimir977

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 4
Одг: Замена на делови на менувач
« Одговори #2 на: 07 Септември 2023, 11:22:55 am »
Вчера ги отворив двата менувачи. И на двата зупчаниците се идентични, но диференцијалот е различен. Така да тоа G4 и G5 е ознака за диференцијалот. Денес ќе ги прередам сноповите со брзини, т.е. ќе морам на исправниот сноп да го наместам зупчаникот што оди на диференцијалот. И нормално, промена на лагерите.

Отсутен Carpathian Lord

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 13932
Одг: Замена на делови на менувач
« Одговори #3 на: 07 Септември 2023, 12:08:32 pm »
Епа можно е да е различен сооднос на крај. Да речеме можда е за караван возило, другиот да е за пикап и сл.

Види во основа ќе пасова само ќе добиеш поинакво возење :)

Отсутен Vladimir977

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 4
Одг: Замена на делови на менувач
« Одговори #4 на: 07 Септември 2023, 15:15:05 pm »
На ГТИ возењето треба да биде како за ГТИ.  :)