Клабери, бидејќи се префрлив комплетно на Алфата, да ја понудам старата кола и овде. Се работи за Kia Pro_ceed со 1.4 бензински мотор, 77kW/105hp. Плин нема. Повеќе фотографии од колата има на Реклама5.
Цена: 4,300 евраhttp://reklama5.mk/AdDetails/Index?ad=4734115Увезена од Австрија во 2021 година, од кога е во моја сопственост. Истата има поминато 153ххх километри. Да напоменам овде, откако е земена ја немам ставено на компјутер за проверка на километража, ама немам апсолутно ништо против со потенцијален купец да ја провериме кај сервисер по ваш избор. Мене по ентериер и општа состојба ми изгледаше соодветна со километражата на одометар.
Доаѓа со средното (EX) ниво на опрема, што значи:
- 6 воздушни перничиња
- борд компјутер
- електрика и греење на ретровизори
- волан со подесување по висина и длабочина
- команди на волан
- подесување на висина на возачкото седиште
- подесување на лумбална поддршка на предните седишта
- клима (лади/грее супер, нема проблеми)
Покрај сериската опрема, во возилото се дополнително вградени:
- 16" алуминиумски бандажи
- атестирани клима фолии на задното стакло и задните бочни стакла со 85% затемнување
- паркинг сензори напред и назад во боја на каросерија
- волан кој е обшиен во комбинација од перфорирана кожа (странично) и мазна кожа (горе и долу), со дополнителни thumb rests
- MTX Audio звучници во целото возило (TX465S во предните врати, TX265C позади), ги добивате и фабричките звучници
- LED осветлување во внатрешноста на возилото (кабина и багажен простор)
- LED сијалички за регистрација
- LED странични жмигавци
- Теписонски патосници со фиксинг систем по мерка
- Гумени патосници Gledring со фиксинг систем по мерка
Возилото е во солидна состојба со оглед на староста, внатрешно е прилично сочувано, како што се гледа и на фотографиите на Реклама5, а надворешно има неколку каросериски забелешки. Има површинска корозија на задниот трап која е тука откако ја купив, и не е влошена со оглед на тоа дека кај нас не се користи сол. Праговите, и едно-две места на каросерија кај што сум приметил корозија се премачкани со заштита.
Возилото во Австрија има сервисна книшка, а откако е во моја сопственост (од 113ккм па наваму) е сервисирано редовно на 10 илјади километри. Нареден мал сервис е сега, на 153 илјади километри - можам да го направам јас, пред продажбата, или потенцијален купец, со што би ја намалил цената во вредност на сервисот. Доколку го правите сервисот Вие, добивате неотпакувани, некористени филтер за воздух и кабински филтер MANN.
Дисковите и плочките се сменети комплетно на 113 илјади километри, а задните плочки се сменети пред нецели илјада километри.
Го добивате со летни гуми Continental Premium Contact 6, ставени лани на почетокот на летото, и Sava Eskimo HP2, ставени во ноември 2021 година. И едните и другите се со димензија 205/55/16.
За контакт слободно пишете ПП, или на телефон/Viber/WhatsApp/Telegram/шодае, 076 463 123.