Автор Тема: 2015 Mazda 3 2.2 SKYACTIV-D Revolution HB M/T со 105.000km (прв сопственик)  (Прочитано 858 пати)

Отсутен Dimitar T

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 28
Се продава 2015 MAZDA 3 2.2 SKYACTIV-D REVOLUTION HB M/T, Jet Black (41W) металик боја со 105.000km.

Цена: 14.500ЕУР, не е фиксна.

Слики на реклама 5: https://reklama5.mk/AdDetails?ad=4729090 и на темата за возилото: https://forum.carclub.mk/index.php/topic,20445.0.html

Возилото се продава од прв сопственик и е купено во Стар Моторс во Скопје во Април 2015. Ве молам без замени, се продава поради купување на ново возило. Регистрирано до Април 2024.

Сервисирано е во овластен сервис на Mazda во Скопје во текот на целиот период и има целосна историја (вклучувајќи и PDF документи и фактури). Менувано е масло и филтер на помали интервали од пропишаното. Последен сервис е на 27.03.2023 на 103047km со активна MES (Mazda Europe Service) - помош на пат до 27.03.2024.

Нема учествувано во сообраќајна незгода, и во текот на целиот период е гаражирано. Има само мали забелешки по каросерија од нормално користење (ситни гребаници и слично). Не е направено хемиско чистење, не е полирано и моторот не е перен. Може да го видите во реалната состојба.

Потрошувачката е во просек околу 6.5 литри (во зависност од отворено/град и стил на возење). Има 110kw/150hp по сообраќајна, со ремап за економија и опционални +hp. EURO 6 107g/km со функционален DPF филтер.

18" OZ MSW 25 бандажи. Следуваат и 4 зимски гуми и неколку резервни. Димензиите се 215/45/18 и 225/45/18.

Вградена фабричка хардверска поддршка (retro fit) за Android Auto и Apple CarPlay.

H&R Sport спирали 28821 HA (30mm) со TÜV сертификат. Следуваат и фабричките спирали.

Опрема REVOLUTION

- Кожен волан, менувач и рачна кочница
- 7" екран - Infotainment со touchscreen
- Премиум аудио систем со AM/FM/CD/MP3/USB, AUX и Bluetooth со 6 звучници
- Контроли на волан и HMI за управување на сите системи
- Греење на предните седишта со 3 степени
- Климатроник - Двозонски автоматски клима уред
- Cruise Control
- Централно заклучување
- Start/Stop - стартување без клуч
- Електрохроматски ретровизор
- Лумбарен регулатор на седиште на возачот
- Фиока за наочари
- Касета со осветлување
- Штитници за сонце со огледала
- Деллива задна клупа 60/40 со наслонувач и место за 2 чаши

- Фабрички затемнети задни стакла 70% со УВ заштита
- DRL дневни светла (ЕУ)
- BI-XENON - средни и долги ксенон светла со автоматска нивелација и миење под притисок
- DEVIL's LOOK - 6 сегменти LED светла
- Сензор за осветлување - автоматско вклучување на фаровите
- Сензор за дожд - автоматско вклучување на бришачите со регулирана брзина и интервал
- Светла за магла
- Странични ретровизори со греачи, сензори и жмигавци

- Задни сензори за паркирање
- SCBS (Smart City Brake Support) - автоматско кочење при брзини до 30km/h
- RVM (Rear Vehicle Monitoring) - радарен систем за следење на објект во мртва зона
- HHA - систем за помош при поаѓање на нагорнина
- Електро-магнетно засилување на воланот во зависност од брзината на движење
- 8 воздушни перничиња - предни, странични и завеси. Euro NCAP 5*
- DSC/TCS - динамичка контрола на движење и пролизгување
- ABS/EBD/EBA - систем против блокирање
- ESS (Emergency Stop Signal)
- TPMS - следење на притисок во гумите
- ISOFIX за детско седиште
- Активни наслони за глава
« Последно менување: 10 Јули 2023, 16:35:13 pm Dimitar T »

Отсутен Filip MK

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2348
Убава прилика да се купи здрава кола, со среќа продажбата и на здравје на новиот сопственик.

п.с. Да не те бараа од Голден кар  :D
Претпоставката е мајката на сите заебувања