Автор Тема: Jaguar X-Type 2008 2.0d check engine поради изваден DPF  (Прочитано 660 пати)

Отсутен SomewhereFull

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 4
Здраво дечки !

Гледам возило Jaguar X-Type 2008 2.0d кое што навидум личи доста сочувано, кое што возило има поминато околу 200 000км и моменталниот газда вели дека е навреме сервисирано и одржувано.

Е сега, има една работа која што ме мачи а тоа е дека Check Engine свети, моменталниот газда вели дека свети поради тоа што е изваден DPF филтерот, па затоа си ги поставувам следните прашања.

1. Дали овој модел со оваа година на производство и мотор кој го носи има воопшто фабрички вграден DPF? можам да најдам дека 2.2, 2.5, итн, имаат но за 2.0 не можам релевантна информација да најдам.
2. Дали воошто може да свети Check Engine поради изваден DPF?

Секако возилото ќе го гледам со маханичар, но пред да тормозам и влечкам некој со мене сакам да ги имам одговорите на ова, за да не биде изгубено време за џабе.

Отсутен MAPJAH

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6747
  • Бенве сие бенве
Одг: Jaguar X-Type 2008 2.0d check engine поради изваден DPF
« Одговори #1 на: 07 Мај 2024, 12:15:51 pm »
личи доста сочувано, има околу 200 000км навреме сервисирано и одржувано.

Check Engine свети поради тоа што е изваден DPF филтерот.


Некако не се совпаѓа овој моабет.


Sent from my iPhone using Tapatalk

Отсутен SomewhereFull

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 4
Одг: Jaguar X-Type 2008 2.0d check engine поради изваден DPF
« Одговори #2 на: 07 Мај 2024, 13:45:50 pm »
личи доста сочувано, има околу 200 000км навреме сервисирано и одржувано.

Check Engine свети поради тоа што е изваден DPF филтерот.


Некако не се совпаѓа овој моабет.


Sent from my iPhone using Tapatalk

Како што напоменав, ЛИЧИ, е сега дали во реалноста е - тоа вака од слики не знам.

Затоа и први работи кои што си ги поставив како прашање се оние две прашања од првиот пост, за да не си го губам времето за џабе да одам да го гледам возилото.
Ако навистина тој модел со таа година на производство има ДПФ и ако сијаличката за чек енџин свети поради изваден ДПФ - тогаш немам никаков проблем, софтверски верувам тоа се решава.
Секако се ова доколку сите работи горе доле се океј и нема друга мака возилото.

Отсутен Busav

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3804
Одг: Jaguar X-Type 2008 2.0d check engine поради изваден DPF
« Одговори #3 на: 07 Мај 2024, 14:54:47 pm »
Тој нели е фордов мотор? Тој не би рребало да има дпф, и да има вадено чек не треба да свети...

Sent from my SM-A546B using Tapatalk

Барам девојка која ке си го продаде бубрегот за да си купам кола :)

Отсутен Tommy

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7278
Одг: Jaguar X-Type 2008 2.0d check engine поради изваден DPF
« Одговори #4 на: 07 Мај 2024, 15:13:47 pm »
Ха, ти го видов постов синоќа на реддит. Моја препорака, со оглед на тоа колку другари гледаа 30+ половни коли пред да наидат на нешто што вреди да се купи, е да идеш и да ја видиш колата, заедно со дијагностика, која ке ти каже зошто свети check engine. Занимлив факт е што на 2,2d моторите, DPF било како дополнителна опрема опција, и си можел да го нарачаш тој мотор со или без DPF по желба.