
Едно кратко ривју за секој од овие продукти, ќе се најде некому. Ова е (речиси) комплетната линија во моментов, така да ќе биде донекаде и brand review.
Прво, да изразам задоволство што имаме можност да користиме домашни производи, а истите да бидат рамо до рамо, па некои дури и подобри од продукти на "извикани" брендови. Да не се разбереме погрешно, бренд е бренд, но кога ќе се земе во предвид цената на производот, паѓаат во вода сите споредби меѓу македонскиот производ и етаблираниот.
Почнуваме од десно на лево.
Glass Cleaner R-10 Concentrated - иако нема видлива разлика со било кое друго средство за стакло, предноста на овој производ, како и на грото од другите, е bang for buck. Се меша 1:10, не содржи амониа и безбеден е за клима фолии, пошто не содржи резредувачи. Се што треба да биде еден нормален производ од овој тип. Препорака, 7/10.
Tire Shine Satin Finish Limited - чуден производ. Се нанесува чист. Ствара beading уште при нанесување на апликаторот, односно стартно не сака воопшто да се прими на апликаторот, па да се нанесе на гумата. Провалив трик - го навлажнувам апликаторот со дестилирана вода, ептен малку, па се тера работа. Изгледот е 8/10, не е оној цигански "wet look", туку онака длабок, темен финиш, баш по мој вкус. Е сега, трајноста. По нанесување, на потполно чиста и сува гума изложена на сонце, за 10 минути продуктот буквално "испари", го снема, а со тоа претпоставувам и УВ заштитата, што не е добро. Оверал оценка, 5/10, пошто реално, заштитата треба да е приоритет, па изгледот, а не обратно.
Wheel Cleaner Premium Line - нормален производ за фелни, без непријатните миризби. 1:5 размер, немам инфо дали е на киселинска база или не, треба да прашам. Брка работа, а е и добар bang for buck. Не би се потпирал на него на некои скапи или нови фелни уште, сакам да го тестирам уште малку. Сега за сега, 6/10.
Leather Clean&Protect - уф, од каде да почнам? Совршен производ. И мирис, и пенливост (одлична, одлична), ефикасност, заштита... Се во едно. Прекрасен, ептен пријатно ме изненади. Ми го врати воланот на фабрички подесувања. Мирисот по чистење беше комбо од мирис на нова кожа и продуктот, што ме маѓепса. Самиот производ има многу, многу пријатен и автентичен мирис што кај ни еден друг производ за кожа го немам почувствувано. 10/10.
Active Foam Premium Line - добра, солидна активна пена. Чисти, мада лично сметам дека може да биде за нијанса поагресивна. Мирис нема. 7/10.
Interior Cleaner Clean&Protect - уште еден производ од кој сум екстремно пријатно изненаден. Се меша од 1:40 до 1:80. За почеток го измешав 1:60, средина. Прекрасно мириса, нема streaking, не ја суши пластиката, да ја матира, и за чудо - не ми го симна дресингот од пластиките, што е за пофалба. Пени како APC, што е супер. Одличен е и за гумени патосници. 9/10.
Carpet Cleaner R-200 - за размер од 1:200 до 1:250, пенливоста е доста висока, што е одлично. Од пакување, речиси да нема мирис. Но, по нанесување и екстракција, остава многу пријатен свеж мирис на чисто, кој обично по сушење го снемува, а тука останува, баш дозирано, да не удира на нос. Успева да се справи со нечистотии доста добро, што ја елиминира потребата од повторно нанесување и екстракција. Го пробав и на седишта, каде се покажа уште подобро отколку на теписон, што е неверојатна версатилност. Одличен продукт, 9/10.
Stain Remover - добар продукт да се има во арсеналот, пошто не знаеш во кој момент каква флека ќе треба да вадиш. Искрено, при прва употреба не сум баш воодушевен, но го пробав само еднаш, што не е доволно. Сега за сега, 5/10.
Вкупна оценка за цела линија - 58/80, што е повеќе од солидно. Препорака за сите производи.
Препорака до
@Milos FULLCarCare да поработат на проширување на палетата, а да почнат од virgin шампон за перење, без никакви восоци и глупости, со висока пенливост и со iron remover. Друга препорака е да поработите малку на препораките за производите, односно на кои површини треба да се користат, во кој размер, или поточно - упатство за користење за секој производ да ставате како налепница, пошто сега нема.
Пошто се релативно нова фирма, треба да испеглаат некои технички работи, но генерално - тука негде се. Честитки уште еднаш, и продолжете со добрата работа.
Кога ќе има нешто ново, контакт податоците ми ги имаш, праќај, не треба ни да прашуваш.
