Лошо е што работиве ги гледаме во пари а не сметаме дека парите помалку вредат и дека флуктуираат како валута. Воопшто не е битно колку е купена колата во денари/евра. Битно е со тие денари/евра дали може да се купи сега исто па да речеме дека половните се кренале, а неможе, значи не се кренале до толку. Едноставно референтната вредност е друга.
Во 2009 една другарка зема нова Ибица СЦ 1.4 Стајл со доплата за црвена боја и 16 бандажи за 12.000 евра. Сега за тие пари нема ни АП.
Еве и директна споредба за Леонот, сегашниов Леон е со фактурна вредност за 39% повисока него ли Леон 2.0 ТДИ Стајл купен во 2014 год. Сега и во опремата има разлика и се ама пак да ја ставиме таа опрема и менувач разликата нема да е помала од 20% во денарска противредност.
И А5-кава моментално вреди според Шваке повеќе од што ја купив јас, а и давачките кај нас се водат спроед тоа па и давачките за истата се поголеми, а 2 години ја возам. Ама и да ја продадам за тоа што вреди повеќе, пак со тие пари можам да купам некоја слична зошто толку вредат секаде.
Тоа е тоа, и на моја голема жалост такви се работите.