Автор Тема: Пластичната покривка се изгуби во моторот  (Прочитано 808 пати)

Отсутен kutlesh

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 27
Пластичната покривка се изгуби во моторот
« на: 23 Октомври 2022, 17:35:15 pm »
Здраво. Имам Волксваген Лупо 1.4 Турбо Дизел. Сакав да ги заменам прскалките за ветробранот пошто запушени. Арно ама не борев со жиците што носат струја до прскалките, и притоа, го запалив моторот без да помислам дека пластичната покривка што ја покрива комората во хаубата од каде се вадат прскалките беше врз покривката на моторот, и од тресењето, покривката пропадна во моторот :)

Сеа, се личи дека си работи во најдобар ред, ама никако да видам каде е пластичната покривка внатре во моторот. Сеа страв ми е да не влегла некаде во проперлерот или некој механички дел.
Тоа како пропелер што е, не личи дека дава отпор кога го движам со рака, ама па не врти ни кога е вклучен моторот, а и климата. Сеа не знам за што е тој предниот пропелер. За што служи предниот пропелер?

Гледам дека моторот има некаква решетка доле на дното.
Дали да одам на мајстор, ама не знам дали вреди? Или ќе треба цел мотор да го расклопи за да ја најде покривката внатре? :)

Отсутен kutlesh

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 27
Одг: Пластичната покривка се изгуби во моторот
« Одговори #1 на: 23 Октомври 2022, 22:04:51 pm »
Во ред, да го поделам проблемот на чекори.
Дали треба предниот вентилатор да врти во прва брзина без да упалам клима од внатре?

Отсутен Бузуки

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6297
Одг: Пластичната покривка се изгуби во моторот
« Одговори #2 на: 23 Октомври 2022, 23:13:26 pm »
Незнаеме на која пластична покривка мислиш.. Под хаубата имаш изолација, ако мислиш на неа не ми е јасно како можи да пропадни во моторот...

Вентилаторот треба да работи кога е климата пуштена или па кога ќе загрее (пример над 95 степени) се пушта самата..

И моторот нема решетка на дното, него под моторот има пластика која е на штрафови и се ваѓа за 1 минута и ваљда ќе падне "покривката"

Отсутен kutlesh

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 27
Одг: Пластичната покривка се изгуби во моторот
« Одговори #3 на: 24 Октомври 2022, 08:31:28 am »
Прскалките, што прскаат вода кон ветробранот, епа, има пластична покривка што го закрива отворот од кај што се вадат/ставаат во хаубата. Епа таа ми згина некаде во моторот.

Сеа сумњам да не влегла во радијаторот напред...

Отсутен Бузуки

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6297
Одг: Пластичната покривка се изгуби во моторот
« Одговори #4 на: 24 Октомври 2022, 10:37:06 am »
Неможе да влези во радијаторот, затворен е..