Автор Тема: Продавам малокалибарска пушка и пиштол  (Прочитано 1288 пати)

Отсутен Molec

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4758
  • (Oo\(|||)°(|||)/oO)
Продавам малокалибарска пушка и пиштол
« на: 09 Август 2022, 15:04:47 pm »
ИСКЛУЧИВО НА ЛИЦЕ СО ДОЗВОЛА

1. Со многу тешко срце!....малокалибарска пушка Чешка Збројовка CZ Brno Model 2

Калибар 5.56мм/.22lr
Одбран ултра прецизен примерок купен од Стрелачки Савез Југославије(со оригинал ознајки SSJ)! На 50м може 5 метка во иста дупка да се брцнат, пробано и докажано многу пати(со match муниција). На 100м се гаѓа денарче метално од прва, прецизна е како ласер!
Дополнителна опрема:
Оптички нишан: Tasco 3-9x32 класична кончаница и Burris scope caps(капачиња на дугме)
Оригинал CZ висока тунелска база за оптички нишан.
Постоље/двоножец: Harris bipod 9-13"
Преработен прилагодлив кундак со подесива образина(по висина)
Оригинал метален шаржер со 5 метка и дополнителен пластичен со 10 комада
Каишница за носење на рамо
Футрола
Гратис 300 комада различни брендови квалитетна муниција и комплет за чистење
Се продава комплет исклучиво на лице со дозвола! Цена: 400еур


2. Пиштол Mauser HSc офицерски примерок

Калибар: 7.65мм/.32ACP.
Со оригинал ознаки од Нацистичка армија: HSc pistols used by the German army are marked with a Waffenamt acceptance stamp in the form of an eagle over 655, eagle over 135, or eagle over WaA135 on the rear of the left trigger guard where it meets the frame.
Оригинал шаржер со 7 метка
Гратис оригинал кожна футрола за прикриено носење под мишка и 15 метка.
Се продава исклучиво на лице со дозвола! Цена: 500еур

Контакт: 075535092

Повеќе слики ќе пратам на заинтересирани по порака, еве пар чисто за мерак :)

« Последно менување: 09 Август 2022, 15:34:57 pm Molec »


Отсутен t0m1cA

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3469
Одг: Продавам малокалибарска пушка и пиштол
« Одговори #1 на: 09 Август 2022, 15:28:27 pm »
Ова се чува, нема 900€ да те збогатат. Бриши огласот. :D

ЕДИТ: Маузерот е верувам со фиксна цевка и е прецизен упм.

Отсутен Molec

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4758
  • (Oo\(|||)°(|||)/oO)
Одг: Продавам малокалибарска пушка и пиштол
« Одговори #2 на: 09 Август 2022, 15:45:35 pm »
Не знам дали е фиксна....се вади цевката од рамка, ама не се движи кога пука. Само 2 пати сум го пукал(во шишиња на 10тина метри), преферирам долги цевки(that's what she said). Ок е ама нема многу добри нишани, повеќе е за тет а тет средби.
« Последно менување: 09 Август 2022, 15:52:18 pm Molec »


Отсутен t0m1cA

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3469
Одг: Продавам малокалибарска пушка и пиштол
« Одговори #3 на: 09 Август 2022, 15:58:46 pm »
Фиксна е ако не излегува заедно со затворачот. Сличен е со CZ 70 кој е ептен прецизен на кратко растојание и ептен лесен за манипулирање.

Пушката ептен ми фаќа око за колекција, ама ќе летам 🤣

Отсутен bear

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1997
  • If you can dream it, you can do it.
Одг: Продавам малокалибарска пушка и пиштол
« Одговори #4 на: 09 Август 2022, 16:20:03 pm »
Ова е од пуковник или потпуковник јна.

Чисто информативно, за вадење дозвола за цз-то, треба еж да се роди, или лизга едноставно?
Никогаш не вели никогаш.

Отсутен Molec

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4758
  • (Oo\(|||)°(|||)/oO)
Одг: Продавам малокалибарска пушка и пиштол
« Одговори #5 на: 09 Август 2022, 16:26:29 pm »
Ако знаеш чоек, ко за се во Шупакленд, се вади дур ги изедеш ќебапите, ако немаш, среќно! Исклучително тешко се добива дозвола за малокалибарско оружје....пошто fuck logic. Имаше некоја фора со лиценца за обезбедување ама не сум упатен искрено.


Отсутен vladic3110

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5546
Одг: Продавам малокалибарска пушка и пиштол
« Одговори #6 на: 09 Август 2022, 16:28:18 pm »
Дозвола ни во најлудиот сон нема вадење како цивил сеа. Имам другар со 6 години факултет со 10.0 просек од Идризово, вработен на висока позиција во полиција, на работа носи оружје, дома има автоматско од работа, го одбиваат два пати за дозвола за пиштол...Друг другар ловџија 15 години, неосудуван, газда на бизнис со висок ризик исто неколку години го маткаат/одбиваат, оружјето од наследство му седи заклучено во полиција години... Све е нездраво..

Sent from my SM-A202F using Tapatalk

Renault Megane 3 1.6 100hp, Authentique
http://forum.carclub.mk/index.php/topic,19609.0.html

Отсутен t0m1cA

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3469
Одг: Продавам малокалибарска пушка и пиштол
« Одговори #7 на: 09 Август 2022, 18:10:00 pm »
Се вади само со врски и обавезно некоја потврда, пример од стрелачки клуб.
Јас се окозив пред скоро 2 год за нов пиштол, а веќе имав дозвола и оружје. Во тој поглед со закони за дозволи и за заштита на имот сме катастрофа.

Отсутен Kozanostra

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1901
  • Opel Astra 2.0 DI
Одг: Продавам малокалибарска пушка и пиштол
« Одговори #8 на: 09 Август 2022, 19:18:46 pm »
So sreka prodazbata, imam ista ovakva brno malokalibarka poluavtomatska e mi fali opticki nisan mn dobra e ....

Sent from my SM-J600FN using Tapatalk