Еве едно видео од моето олдтајмерче како завчера на пат кон претор го качуваше и симнуваше плетвар на плин, со 3-ца во него и полн гепек во 3 степен на пренос.
Ако не ви се чека, од 3:00 до 7:00 е официјалното искачување, а последните 3 минути се симнување. На 6:05 до 6:10 го снимам тоа за префрлување на плин/бензин каде што убаво се гледа дека го качувам на плин.
[youtube]http://www.youtube.com/watch?v=OSz3zryF0R4[youtube]
Баш на 4:30 почнува Плетвар. Овде со мојата косилица качувам 140кмх.
Како ли ги фаќаш кривините само со 140? Искрено, пошто овој муабет беше правен у порано баш пробав со Астрата. Нагоре иде без проблем и стигам до 120 (тоа ќе оди и повеќе...) АМА немам шанса кривините да ги фатам со таа брзина. 100км/х ми е максимум, евентуално 110 за некои поблаги или попрегледни. На право ќе качиш 140 и толку, ама дека некој го искачува со таа брзина (и другар ти од ПП со истата кола исто збореше...) Плетвар нека прича некоме другоме. Сум го искачувал и со Тојота Корола, со Даихатсу, со Вектра, со Киа, со друга Астра ... и тоа службени, значи не ги мазам-брзам у Битола да завршам работа и да си се вратам на време дома, АМА НИКАД не сум успеал со ниедна кола да влезам у кривина со 140 км/х! Тојотата беше најстабилна и пак 120км/х е плафонот (од другата страна нема кола, кривината е прегледна и долга, а патот широк и заштитен и пак со максимално сечење на кривината - колата повеќе дрифта отколку да се тркала, гумите иако нови и премиум, претходно проверен притисок чкрипат ко луди, осеќаш мирис на изгорено ... Не е баш така ЛП ! Ти си дигнал еднаш 140 на рамно и толку. Мики маус викаше дека го искачувал цел Плетвар со толку ...

Смешно е, ќе ти се сопнат тркалцата од нешто на таа брзина у тие кривини со тоа тенеќе
