
Валентино Роси е новиот амбасадор на брендот за малиот градски автомобил Opel ADAM. Повеќекратен светски шампион во MotoGP е ѕвезда на кампањата, која е создадена врз општите карактеристики меѓу ADAM и Валентино: индивидуалност, креативност, енергија и во исто време највисоко ниво на прецизност.
Со својот самоуверен неконвенционален и апсолутно уникатен изглед, ADAM ги споделува истите карактеристики кои ги поседува и италијанскиот шампион во мотоциклетизам. Кампањата се спроведува во сите медиуми, од спотови на телевизија, печатени објави, се до посебни промотивни активности.
-Валентино Роси е совршен амбасадор на ADAM: непосреден, забавен и малку дрзок, секогаш во движење - исто како нашиот Opel ADAM. Во исто време, тој е исклучително внимателен и дејствува со максиална прецизност, како германскиот инженеринг, кој е суштинската вредност на нашите автомобили, изјави Роберто Матеучи, управен директор на Opel Италија. -Изборот на Валентино Роси за ADAM е јасен знак за нашата желба и посветеност да изградиме нова персоналност за нашите автомобили, а во исто време да го задржиме фокусот врз прецизноста на германскиот инженеринг, додаде Матеучи.
Валентино Роси се вљуби веднаш во малиот Lifestyle автомобил и шампион во индивидуализација:
-Opel ADAM ме освои веднаш, со својот дизајн, поединости и технологијата . Мислам дека потенцијалот за индивидуализација, со илјадниците свои варијации е едноставно фантастичен. Не ја знам точната бројка, но сигурно е повеќе од доволна за да може секој да формира својот совршен ADAM.
http://avtoplus.mk/vesti/zanimlivosti/valentino-rosi-e-noviot-ambasador-na-brendot-za-opel-adam