Па искрено да ти кажам, треба да отидеш до тему, ама не туристички, да го гледаш само морето, песокот и храната.Да прошеташ малку и низ централна Турција и да видиш какви се фабрики постојат.Уште пред 16 години имав прилика да посетам една железара,по површина иста како нашата, и погоно габаритно исто како нашите, кај нас имаше 2000 работници во еден погон во три смени, кај нив роботи и 10 работници во контролен пулт-компјутеризиран.Тоа што се муабети за турска роба, се работи за производи од Тајван, Кина, кои турците ги тргуваа. Имав прилика да влезам и во автомобилски капацитети како тој на Рено во Бурса,имав прилика да влезам во поморска касарна на Мраморно море, тоа може само држава да го има.
Имав прилика да монтирам и турски клипови за мотор, ама оригинални турски со сите TUV сертификати-прво на око изработка перфектна, а второ веќе се возат 3 години без никакви проблеми.Сопственикот сам си ги донесе и јас бев скептик малку, ама после сите мерења и визуелни контроли , како и истражувања на интернет се решив да ги монтирам.
Затоа Турција веќе не ја моли Европа за влез во унијата, како шо рекоа, Европа ќе ги моли нив да им се приклучи...