Е што, оној состав под водство на Фергусон во сезона 2012/13 стигна до титула во Англија, беа подобра екипа од Реал во осминафиналето, тоа и Мурињо тогаш го призна, ама црвениот картон на Нани ги остави на цедило тогаш.
Наредна сезона под Мојс тој ист тим што му даде на Арсенал 8 гола и ја освои 20-тата титула во Англија, играше како распашана команда.
Еве и под водство на Ван Гал истото се случи, едноставно дрва се, ама Ферги ете некако од нив нешто извади како фудбалери.
Затоа и ти реков дека мора да потрошат поголема сума на пари, да се доведат фудбалери од повисока класа, а не Клеверли да ти е мотор на средината заедно со Флечер.
Ја мислев дека Мојс ке успее барем на 4-то место да заврши, не очекував титула или слично.
Незнам како ке биде сега со ван Гал, се надевам дека ке биде подобар од Мојс, барем оваа сезона сметам дека ке не врати во топ 4, за да од наредна да атакуваме на титулата, пред се Ван Гал има повеке трофеи и водел 3 големи клуба (Ајакс, Барселона и Баерн) со кои освоил домашно првенство и една во лигата на шампиони (со Ајакс).