Кога барса имала фудбал за гледање? убав интересен? кога?
Кога некој италијански тим бил исто добар за гледање, да не се брани и да не глумат и слично?
једино англиски фудбал, уствари и германците се одлични!!!
една акција е тоа
сто милијарди додавања умртвуваат игра не зезај. ете ги реал атрактивно и интересно играат убаво за гледање! ( не ги сакам ни реал ич)
Досадно за гледање ептен, резултати носи да, ама досадно ептен.
Океј, таква констатација иам ја, изгледајте една утакмица германско првенство, онака кој било ( не баерн) и ќе видиш што сакам да кажам. динамично цело време. а овие ке ја фатат топката 3 минути кај нив на половина се подаваат пујол и валдес, после уште 3 миниту се подаваат дур го најдат меси и он после ќе шутне
Како бе друже, се споредува ли Италијански и Шпански фудбал? Англискиот е интересен, ама не е тоа што беше пред 5 години, да речеме. Германски фудбал? Фала, не. Сакам да гледам атрактивни додавања, а не трчање само како муви без глави, и цврст фудбал, со многу прекршоци. Ја умртвуваат играта, а тоа што е динамично, само на прв поглед е така.
Шпанија е мајка за фудбал веќе пет години, најмалку. Да не издвојувам зошто. Уствари ајде, една ретроспектива - Светски, Европски прваци, Барса два пати првак во ЛШ од пет години, годинава им оди повеќе од добро и на Барса и на Реал, прваци во Европа лига (Шпанско финале минатата година Атлетико - Атлетик), најдобрите 11 фудбалери се сите од Шпанското првенство, Златна копачка и најдобар светски фудбалер веќе три години по ред е од Шпанска екипа..
Англискиот, а уште повеќе Италијанскиот и Германскиот фудбал ќе треба нешто многу драстично да сменат за само да се приближат на нивото на Шпанскиот фудбал.
Во Шпанија има 2 екипи интересни за гледање...
Во Англија има, Манчестер, Арсенал, Ливерпул, Тотенхем, Евертон, Челси, Сити ....
Според мене, Тотенхем-Арсенал е подобро дерби од било кое во светот вклучувајки го и Ел Класико...
Овде се гледа фудбал, се гледаат голови и ривалство... Онаму, падови за Оскар, трчање по судии и притисоци ...
Остајте тоа дека Барса игра досаден фудбал, заборавивте дека таа досадна игра им донесе
14 титули во 3 години?Атмосферата на Вајт Харт Лејн со Бед Блу Бојс на другата страна ... Откако знам за себе навивам за Јунајтед, ама дефинитивно ке идам на некој меч на Тотенхем... Ваква атмосфера им е на секој меч годинава, се дереа како луди со Интер и Арсенал претходно...