Не верувам дека единствената работа што треба да се направи е да се спари со радио, всушност е многу покомплицирано од тоа. Борд компјутерот треба да има комункација со повеќе модули од возилото за да добие информација за потрошувачката, изминатите километри и слично. Мислам дека многу тешко ќе успееш да го вградиш. Кај постарите Opel возила (90') сите имаа скриен џек позади обичниот LCD и беше Plug and Play, ама од Astra G па натаму возилата што од фабрика немаат борд компјутер, воопшто нема спремна инсталација за него. Мислам дека поефтино ќе ти биде друга кола да си купиш со борд :/