Автор Тема: CARclub Тест: 2021 Toyota RAV4 Hybrid  (Прочитано 7173 пати)

Отсутен Sase_91

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3845
Одг: CARclub Тест: 2021 Toyota RAV4 Hybrid
« Одговори #30 на: 28 Март 2022, 20:13:35 pm »
Треба да се стави јасна граница од колку до колку клиренс смее да биде колата за да не си со такви проблеми(дека и џип нели несмее а несмее и спуштена), од колку до колку кс и секако да се одреди од колку до колку смеат да се и бандажите на колата за да не се спаѓа во таа категорија. Вака се е сама нагаѓање и релативно спрема секој.
Сметам дека така е нај ферски.
If everything seems under control, you're not going fast enough.  /  KKBA

Отсутен vlatko.klp

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6480
Одг: CARclub Тест: 2021 Toyota RAV4 Hybrid
« Одговори #31 на: 05 Април 2022, 13:17:24 pm »
Го повозев ова денеска мене ми се допаѓа во целина, особено моторот и цвт. Примероков е ептен основна опрема со многу лоши седишта ама тоа не ми е битно. Забрзува повеќе од одлично дури и изненаден бев од перформансите. По дупки и нерамнини одлично се однесува тивко е и без многу нервоза ама на кратки лежечи ептен е тврда колата, како да удираш камен наеднаш. Кај голфот сето тоа е некако помазно ама па по нерамнини тојотата е покомфорна дефинитивно.

Минус за инфотејменот зошто екранот не е свртен кон возачот туку точно на средина. Воопшто не ми се допаѓа тоа. И друга работа што ептен ме разочара е воланот кога сам треба да се врати после кривина. Воланот не се враќа сам како што сум навикнат туку многу бавно го прави тоа и треба ти со рацете да играш гимнастика. Можеби е до гумите зошто беа крампонки, појма неам. Доколку го возиш во град ова мене лично би ми сметало многу. Исто така го возев и во ЕВ моуд низ маало интересна работа е си го цепаш на струја ако возиш до кај 30-40 км/ч.

Звучна изолација просек, излегов на отворено и некако од вратите многу се слушаат други камиони и коли кога ќе ме поминат. Голфот тука води без сомнеж.

Би сакал вакво ептен ама цениве се ненормални така да ќе си почекаме :)






Отсутен M3V8

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2675
Одг: CARclub Тест: 2021 Toyota RAV4 Hybrid
« Одговори #32 на: 05 Април 2022, 16:31:10 pm »
A ionaka golfot e podobar :)

Отсутен DarthJe5us

  • Авиону, сломићу ти крила..
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 20115
Одг: CARclub Тест: 2021 Toyota RAV4 Hybrid
« Одговори #33 на: 05 Април 2022, 17:17:52 pm »
Воланот обично не се враќа назад кога не е центрирана или грешно е подесена колата.

Отсутен M3V8

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2675
Одг: CARclub Тест: 2021 Toyota RAV4 Hybrid
« Одговори #34 на: 06 Април 2022, 01:18:55 am »
Vozev Mazda Cx5 2.5 atmo automatic i padnav na gz kolku e dobra kola vo forma na SUV.

Отсутен Luki Junior

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5044
  • The Spartan General
Одг: CARclub Тест: 2021 Toyota RAV4 Hybrid
« Одговори #35 на: 06 Април 2022, 07:21:04 am »
Замисли во полесна лимузина какво е  забрзувањето и како лежи на пат. Jaс мислам дека многу тешко е да се долови како забрзува особено кога му натепаш гас и кога забрзува со струја и со бензин. Едноставно таа леснотија првите 2-3 секунди е многу чудна и ненадејна. И додека почне да рика моторот поради ЦВТ менувачот кога му ги држи вртежите низ град од 40-50 си стигнал до 80-90, на автопат од 80/90  си стигнал до 130-140. 

Тоа за воланот ми е многу чудно, затоа што кај мене немам забележано такво нешто. Тврд е затоа што е џипче. Кај мене е стегната ама не е тврда и не тропа/удира така на лежечки полицајци.

Звучната изолација е баш таква, средна. Ама до 140 нема да ти е некој проблем затоа што ако го возиш побро од тоа ништо нема да осетиш од предностите на хибридниот систем.

Возењето на струја е феноменално чувство. Дури и на отворено кога си едриш со 80-90. Минимален шум од ветар/гуми и тоа е тоа. Секое кочење е полнење батерија. Во потоплите денови кои доаѓаат, градска сум речиси 70% од времето на струја затоа што во зима на минус температури моторот е во работна температура за помалку од 2км, а на топло време се случува за 300-500 метри да вози на струја.

Некни кога му ги ставав летните опинци на хибридчето погледнав плочки и дискови. Досега има околу 42к поминато. Со тоа темпо на трошење/кочење наредно менување ќе биде над 200к километри.
Fehlende Pferde Sterken sind mit Wahnsinn ersetzt.

Отсутен vlatko.klp

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6480
Одг: CARclub Тест: 2021 Toyota RAV4 Hybrid
« Одговори #36 на: 06 Април 2022, 07:57:53 am »
Така е, мене лично дури тоа рикање воопшто не ми смета. Колку време трае, 3-4-5 секунди?! Демек рикањето на тси на 6000 обртаи влева чуство на адреналин :)))). Инаку леснотијата особено на старт е убава работа. Што сакаш кога сакаш можеш да претекнеш на почеток без да му ја мислиш многу.

Мене лично ми се допаѓа џипчево зошто сакам да седам на високо ќеф ми е, одлична прегледност има. А и патиштава кај нас се крш така да ова би било идеално. Камрито несомнено подобро ќе вози дури и поевтино можам да го најдам, но проблемот е што само фејслифот доаѓа со епл кар плеј а тие уште се држа цена. 

Отсутен BraneMKD

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1023
Одг: CARclub Тест: 2021 Toyota RAV4 Hybrid
« Одговори #37 на: 06 Април 2022, 15:30:32 pm »
Според муабетите тука, најпродаваната кола во светот не вреди да се купува. :D

Отсутен mkm

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1297
Одг: CARclub Тест: 2021 Toyota RAV4 Hybrid
« Одговори #38 на: 06 Април 2022, 15:35:22 pm »
Според муабетите тука, најпродаваната кола во светот не вреди да се купува. :D
Golf si e Golf, a во нашиов форум, Skoda si e Skoda

Отсутен ficomk

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4221
Одг: CARclub Тест: 2021 Toyota RAV4 Hybrid
« Одговори #39 на: 06 Април 2022, 16:21:04 pm »
Јас не приметив дека @vlatko.klp алудира дека голф си е голф, даде негова споредба на одредени елементи од возењето како е кај голфот што го има како на тојотава. Да има друга кола веројатно и со нејзе ќе ја споредеше. Не е коректно да се натураат работи кои не се кажани.

Отсутен vlatko.klp

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6480
Одг: CARclub Тест: 2021 Toyota RAV4 Hybrid
« Одговори #40 на: 06 Април 2022, 16:46:03 pm »
Луѓето сакаат тик ток видеа, инстаграм сторис, фејсбук постови АМИН. Кој ќе ти чита нешто подолго од 2 реченици, ќе ти тропне гољф си е гољф и завршена е прикаската.

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54990
  • Махер
Одг: CARclub Тест: 2021 Toyota RAV4 Hybrid
« Одговори #41 на: 06 Април 2022, 19:29:51 pm »
Баш ми е мило што се сложуваме за моториве на Тојота. Иако се без турбо.

Отсутен mkm

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1297
Одг: CARclub Тест: 2021 Toyota RAV4 Hybrid
« Одговори #42 на: 06 Април 2022, 19:35:51 pm »
Скроз погрешно  сте го сфатиле коментарот кој беше саркастичен. Ама кој сфати сфати, кој не, тоа е

Отсутен gOJDO

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7689
  • Хорска Секција
Одг: CARclub Тест: 2021 Toyota RAV4 Hybrid
« Одговори #43 на: 08 Април 2022, 00:50:33 am »
Баш ми е мило што се сложуваме за моториве на Тојота. Иако се без турбо.
Шо се сложуваме? дека се одлични за во косилица?
Ум шо идит отпосле не јет ум!

Отсутен gOJDO

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7689
  • Хорска Секција
Одг: CARclub Тест: 2021 Toyota RAV4 Hybrid
« Одговори #44 на: 09 Јуни 2022, 03:01:15 am »
https://imgbb.com/Gnsct9H

Скопје-Белград 140-180km/h брзина на возење, потрошувачка ~20l/100km просек
.
raf4 2018 2.5 hybrid, мотор истиот ко тестираниот, левел на бучава = драма
« Последно менување: 09 Јуни 2022, 03:08:29 am gOJDO »
Ум шо идит отпосле не јет ум!