Автор Тема: Problem Ulje Corsa C 1.0  (Прочитано 7081 пати)

Отсутен d1331s

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 8
Одг: Problem Ulje Corsa C 1.0
« Одговори #45 на: 30 Декември 2021, 17:59:38 pm »
Почитувани,
Од неодамна имам  Opel Corsa C 1.0 мотор 60 кс кој има поминато околу 100000 км, а инаку е  2005 година, колата оди добро, но имам проблем што има некои вибрации кои се чувствуваат на воланот, и целата кола се тресе, вклучувајќи ја и шасијата кога давате гас и кога вртежите одат од 1500 кон 2000, ... истото се случува и кога вртежите паѓаат од 2000 кон 1500, целата кола се тресе и ги чувствувате вибрациите на воланот шасијата … Тресење и вибрации има дали возите со прва, втора,пета брзина од 1500 кон 2000
Под 1500, како и над 2000 вртежи вибрации и тресење нема
Не знам дали е проблем или е нормално за мотори со три цилиндри.
Ве молам за помош
Поздрав