Автор Тема: Купувам мобилен до 15000 ден.  (Прочитано 1896 пати)

Отсутен mickeymkd

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 59
Купувам мобилен до 15000 ден.
« на: 02 Јуни 2021, 10:48:02 am »
Да не има некој да понуди некои од следниве модели:

Huawei P30
Xiaomi Poco X3 NFC
Xiaomi Mi Note 10
Samsung Galaxy S10
Samsung Galaxy S10e
Google Pixel 4a
OnePlus Nord

Или нешто интересно во тој ранг на мобилен.

Да биде супер сочуван :)
Да не е сервисиран, односно да е менуван екран и сл.
и комплет: полнач, слушалки..односно се што доаѓа фабрички.
Максимална цена во зависност од понудата, гаранција и слично  е до 15000 денари.

Отсутен Diesel

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6152
Одг: Купувам мобилен до 15000 ден.
« Одговори #1 на: 02 Јуни 2021, 11:42:11 am »
Конкретно, ако сакаш Ѕ10, по твоите критериуми, ќе треба да се "испружиш" уште 50-тина евра, минимум.

Отсутен mickeymkd

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 59
Одг: Купувам мобилен до 15000 ден.
« Одговори #2 на: 02 Јуни 2021, 12:28:38 pm »
Конкретно, ако сакаш Ѕ10, по твоите критериуми, ќе треба да се "испружиш" уште 50-тина евра, минимум.

Не сум сигурен баш.
Пред недела дена се продаде на друг форум S10 комплет со сите додатоци и неколку маски и плус останата гаранција за 14500 денари. Само тие денови не бев во Скопје па го пропуштив.

За 18000 денари ако некој продава може да си го обновува огласот на Reklama5 до недоглед, без купец. :)

Отсутен kire95

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1837
Одг: Купувам мобилен до 15000 ден.
« Одговори #3 на: 03 Јуни 2021, 10:03:06 am »
За секоја роба има купец, има пичина зошто цената некогаш е повисока некогаш пониска за било што глупо е да се споредуваат 2 цени а да не се види уредот.

Отсутен mickeymkd

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 59
Одг: Купувам мобилен до 15000 ден.
« Одговори #4 на: 03 Јуни 2021, 11:23:57 am »
За секоја роба има купец, има пичина зошто цената некогаш е повисока некогаш пониска за било што глупо е да се споредуваат 2 цени а да не се види уредот.

Во право си. Можеби има разлика меѓу уредите што ќе ја оправда и повисоката цена, затоа и мора да се видат во живо. Може на слики да е супер но во живо да не ти се допадне. Баш гледав еден Huawei Nova 5T за 9000 денари, на оглас на сликите беше супер, но кога го видов во живо имаше една гребаница на екранот која не се приметува на слика и се разочарав.

А има и огласи што се без врска. Гледам се продава Huawei P40 Lite на Reklama5 нов неотворен од Телеком земен за 200 ЕУР, а ист таков да одам да го купам од Setec или Neptun е 10999 денари односно 178 ЕУР, така да не секогаш и поскапиот уред ја оправдува цената.

Треба време да се најде реалната понуда и да се искористи. :)

Отсутен draganamon

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 692
Одг: Купувам мобилен до 15000 ден.
« Одговори #5 на: 04 Јуни 2021, 00:45:33 am »
Мобеликс имаат добри половни Samsung S10е со Snapdragon процесор за 14.000 ден.
Гледав 2 денес, не се приметува надворешно дека е користен телефонот.

Отсутен KaZaN

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3906
  • Шуруп Мајстор
    • Шуруп Мајстор
Одг: Купувам мобилен до 15000 ден.
« Одговори #6 на: 04 Јуни 2021, 13:25:58 pm »
15.290 е нов Poco X3 NFC 6/128GB во Mi Store.

Sent from my Mi 10T Pro


Отсутен savage

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 608
  • Сузуки Витариче
Одг: Купувам мобилен до 15000 ден.
« Одговори #7 на: 04 Јуни 2021, 18:10:48 pm »
15.290 е нов Poco X3 NFC 6/128GB во Mi Store.

Sent from my Mi 10T Pro

И јас би препорачал исто, ама како што гледам нема веќе лагер.
Потпис.

Отсутен mickeymkd

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 59
Одг: Купувам мобилен до 15000 ден.
« Одговори #8 на: 09 Јуни 2021, 10:25:27 am »
Се смени изборот. Ми излезе добра понуда за Xiaomi Mi 9Т и тој го земав. Солиден апгрејд од сегашниот Xiaomi Redmi 5 plus.