Колата не се продавала или ич, или скоро ич во Македонија.
Освен ако немаш некој развиен канал за половни и нови делови за Хјундаи од поодминати години, ќе те замолам да ја скокнеш колава.
Ако се расипе (на пример) вентилатор за парно, копче, подигач на прозор, брава на гепек, ти се скрши некое пластиче внатре додека чепкаш нешто, пукне некое вакум цревце или црево за вода... Увезувај уште една кола од странство само за да замениш нешто од овие ситници, зошто овде не ги наоѓаш
Работи како полуосовини, поголем избор на кочници, амортизери, филтри и слично би биле исто проблем.
А ако имаш ептен ќеиф на колава и имаш доволно средства да набавуваш се од овластен сервис (кој сигурно ќе ги порачува деловите зошто нема поента да ги чува на лагер), слободно направи си го ќеифот
Во спротивно, ти препорачувам да погледнеш Ford Fiesta ST150 како поспортско возило, или ако ептен сакаш купе, Mercedes CLK 200 со мануелен менувач и соодветни перформанс апгрејди да си дојде во 7 секунди до 100ка.