Автор Тема: Шевролет Авео 1.2 бензин 2006, се замастува моторот  (Прочитано 1057 пати)

Отсутен Blue2006

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 1
Здраво, би ве замолил доколку некој се соочил со нешто слично, да  даде одговор и мислење. Се работи за Шевролет Авео 2006 1.2 бензин мотор. Променети пред 900км ребраст каиш, водна пумпа, уље, филтри, свекици, семеринзи. Неодамна променив сензор и мајсторот за електроника забележа дека не е во ред што имаше толку масло околу моторот, конкретно кај ребрастиот каиш. Ми рече да се јавам веднаш кај другиот мајстор кој го правеше сервисот, за да видиме што е проблемот. Пред неколку дена ја однесов колата, променети се семеринзи, чаури на вилушки и горни и долни, сајла, гуртни, цилиндри, семерин на брегаста, со цел да немам никаков проблем. Не сакав да оставам на случајност, па променивме и работи кои можеа да потраат, но сепак сакав да бидам на чисто. Меѓутоа, денес бев повторно кај мајсторот за електроника, требаше да се избрише една грешка и да стави сензор на брегаста. Кога ја отвори да го намести сензорот, видовме дека повторно е замастено и повторно околу ребрастиот, истата област. Значи буквално не ми е јасно која е причината, колата ја зедов вчера, а уште денеска повторно од некаде тече масло. Ве молам ако имате некаква идеја или па знаете што може да е проблемот, одговорете ми, со цел да се осигурам и да избегнам непотребни дополнителни трошоци.

Отсутен Indigo

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 434
Одг: Шевролет Авео 1.2 бензин 2006, се замастува моторот
« Одговори #1 на: 27 Јануари 2021, 17:27:26 pm »
Здраво, би ве замолил доколку некој се соочил со нешто слично, да  даде одговор и мислење. Се работи за Шевролет Авео 2006 1.2 бензин мотор. Променети пред 900км ребраст каиш, водна пумпа, уље, филтри, свекици, семеринзи. Неодамна променив сензор и мајсторот за електроника забележа дека не е во ред што имаше толку масло околу моторот, конкретно кај ребрастиот каиш. Ми рече да се јавам веднаш кај другиот мајстор кој го правеше сервисот, за да видиме што е проблемот. Пред неколку дена ја однесов колата, променети се семеринзи, чаури на вилушки и горни и долни, сајла, гуртни, цилиндри, семерин на брегаста, со цел да немам никаков проблем. Не сакав да оставам на случајност, па променивме и работи кои можеа да потраат, но сепак сакав да бидам на чисто. Меѓутоа, денес бев повторно кај мајсторот за електроника, требаше да се избрише една грешка и да стави сензор на брегаста. Кога ја отвори да го намести сензорот, видовме дека повторно е замастено и повторно околу ребрастиот, истата област. Значи буквално не ми е јасно која е причината, колата ја зедов вчера, а уште денеска повторно од некаде тече масло. Ве молам ако имате некаква идеја или па знаете што може да е проблемот, одговорете ми, со цел да се осигурам и да избегнам непотребни дополнителни трошоци.

да се провери системот за картерна вентилација, PCV Valve, вакумчиња итн.. да не случајно имаш преголем притисок во тој простор па затоа да тече масло.