Пред десетина години ги откажав скоро цели две години. Не знам ни сам како ама пропушев пак, се каев до ден денеска. Релативно лесно беше тогаш одвикнувањето, првиот месец се измачив, после помина.
Сега, еве веќе цели два месеци не пушам со еден исклучок, ама јас престанувам од корен, гасам и крај. Ни електронска ни iqos. Иако имам iqos никогаш не ми легна.
Овој пат ми беше многу тешко, се до пред 7 дена. Мислев дека заврши животот толку е, цели два месеци кризирав од кога ќе станам дур да легнам. Тешка депресија, ништо не ме интересираше, ни живот, ни деца, ни жена. Страшна работа. Само цигарчето у глава, па и на сон. Имаше моменти дури ќе си заплачев, да, толку страствен пушач бев.
Земав купив кутија, реков дека веќе нема да малтретирам луѓе околу мене а и самиот себе. Да пушам да цркнам ко сум глуп, нели. Запалив, испушив, ми дојде добро моментално за после тоа да ми се тресе цело тело, и да сум на ивица да повратам. Реков не се давам, ќе издржам, мора да пропушам.

Ја запалив и втората после два саата. Бетер ми се згади и плус почна да ме боли плуќата.
Тука ми се расчисти маглата во глава за се што ме мачеше наназад два месеци ден и ноќ, веќе ми беше јасно дека раскрстив со тоа. Добро што запалив, ќе се мачев психички уште кој знае колку.
На никого не му е потребно ова тешко зависничко срање. Животот е убав исто така и без цигари. Да, дури и поубав е, ако некој не ми верува нека проба па ќе сфати во каква заблуда живеат пушачите цело време.
Sent from my iPhone using Tapatalk