Здраво дечки.
Сакам да купам Pixel 4 и после 7 години да се префрлам на Андроид. Од дома ми кажаа дека треба да го продадам iPhonе-от прво.
Затоа, Продавам iPhone 7 Plus (32гб).
Со телефонот доаѓаат полнач и 3 маски (2 оригинални и една од Али).
Телефонот е купен од Мобеликс пред некоја година. Едо кажа дека телефонот е прекупен од сопственик кој го купил од Телеком (во договор со Едо чекав околу 2 месеци да налета добар ваков телефон кај нив). Јас го користам на Телеком мрежа и никогаш го немам пробано на друга мрежа, но треба да е отклучен. Ако не е, јас ке го отклучам на мој трошок.
Во месец Јули го извадив на кратко од маска да го зачистам за да го сликам и да го огласам на продажба, но ми се лизна и за прв пат ми падна. За жал малку се напукна стаклото. Го однесов да се смени во Алфа Мобил пошто не можам да трпам ни едната страна да е напукната иако Бошко ме советуваше да не го менувам. Напомена, Стаклото е сменето не целиот екран или тачот. Јас не гледам разлика од предходно.
Кога веке го отварав телефонот, му сменив и батерија, па сега е на 99% и peak performance.
Се надевам да го продадам за 13.000 денари.
Не менувам хардвер често и не сум упатен во цените, но прашав по мобилариве денес и ми понудија ваков телефон за 250 евра. па така ја оформив цената.
Еве и некоја сликичка.
https://ibb.co/DCdH1XKhttps://ibb.co/6R6S9G7https://ibb.co/hY4L2S2https://ibb.co/r35TgW7https://ibb.co/r4vcqXdhttps://ibb.co/MpCPgP5https://ibb.co/nCBk41X