Да не фати пајажина темава
Прошлата недела сменети термостат, електро вентили, сменет еден паркинг сензор позади(цркна па не ми ги уклучуваше другите), ставен нов антифриз и глицерин, сменети плочки пошто на пипање кочница претходните свиреа ко да доаѓа воз, вчера сменет шибер кровот...
Капарисани се 17ки оригинал бандажи исто од Ес класа редизајн, сега сум во потрага по гуми, треба да собирам понуди за гуми
Да не биде штуро, еве некоја сличица
Еве ги бандафчињата
Останува уште да најдам добар лакер да ја ишприцам, и само возење
Sent from my iPhone using Tapatalk