Е сега да вимкажам како продожи приказната.
2 пати птомена на масло, едно 3 филтри од кој последниот оригинален. Колата ја вратив во сервис со снимени видеа и зачувани разговори. Практикував вибер за да имам докази што сме зборувале со типот. Ми вика ок ќе провериме. Ја ставаат колата во работилница и пак отвараат капаче за ланче. Му викам абе мајсторе нели беше сигурен дека не е поврзано со сервисот. Дај провери притисок, сензори ова она. Ми вика уживај да си ја провериме работата. Ајде одново растурање вадење силикони ова она. Проверка на маслена пумпа, пак пнов филтер. Ми вика абе еве нема ништо. Ок му викам сега што е следно? Значи дај да најдиме проблемот што е. Ми вика знаеш ќе ти пуштам по карго сензор нов оригинален може е до тоа. Ај викам ок. А дотогаш 3 сензори се сменија. Си викам ај може 4тиов ќе биде. Значи не е до сензорот ама ај. Кажи ми после што му викам ако не е до сензорот. И ми вика типов од прва, ако не е тоа тогаш е лагер на радилица? 🙄Како бе човек лагер на радилица одма? Нели може д е ѓубре, ова, она. Што одма лагер? Колава ни тропа ни ништо. А цел ден тиоповиве така подмолно со криење се муабетеа. Се што требаше да зборнат со криење. И сега наредно е да се отвори картер. И како одма лагер да рикне баш после сервисот? Муабетот ми е што може да е поврзано со ова за да дојде до завлечен лагер(ако е воопшто тоа).