Епа момци да не пишувам во рекла казала тема решив да направам овде тема за вградување на темпомат на Фиат Браво,верувам оти и на други форумаши ќе им се најде во иднина да си вградат темпомат 😁 (кој немаат нели).
Прво @Simo-Carrier159 ми прати линк од fiatforum.com од таму дознав и видов некој фотографии дека пасува темпомат и од Алфа 147 фејслифт од 2005 нагоре и од Фиат Стило,потоа се спомнуваше и не секое Браво имал фабричка инсталацина за темпомат над воланот,така да првиот чекор беше да проверам дали има фабричка инсталација,гледав на јутуб и најдов како да дојдам до неа,штета шо не сликав од почеток како оди постапката,затоа почнав со расклапање на пластиките ииии воалааа џекот беше овде и чека темпомат 😁
Потоа инсталацијата ја повлеков надоле,за да не го вадам повторно горниот капак кога ќе ставам темпомат,така да сеа си седи кај шо треба 🙂
Е сеа сум по потрага на оригинал темпомат и пластика со отвор за темпомат за да не ја жлебам мојата...во спротивно најдов темпомат од алфа 147 и ке ја жлебам мојата пластика,така да ако некој има идеа од кај да побарам слободно нека постира овде
Sent from my VTR-L09 using Tapatalk