Автор Тема: Renault Kangoo 1.5dci 2002 Проблем со менувачот  (Прочитано 1167 пати)

Отсутен StoleM

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 8
Renault Kangoo 1.5dci 2002 Проблем со менувачот
« на: 25 Јануари 2020, 14:37:33 pm »
Здраво друштво,
Имам проблем со менувачот кој наеднаш ми се случи без претходни симптоми и ситуацијата сега е следнава:
На тргнување многу тресе додека не качи повеќе обртаи или по угорница кога ќе ушалтам од прва во втора има големо тресење додека да качи поголема брзина.
На угорница ако застанам никако неможам да ставам во прва или втора, а во рикверц со тешко чкрипање можам.
Кога возам на прав пат понекогаш можам да сменам брзина од прва, но понекогаш од втор трет пат со неколку пати притискање на куплугот ќе ушалта во брзина, но не оди тоа лесно како што беше многу потешко и се осеќа отпор.
Кога е изгасена колата лесно менува во сите брзини.
Педалото на куплугот е исто на притискање како порано. Сменето масло во менувачот, но проблемот е уште присутен. Ламела корпа и потисна плоча имам сменето пред некои 50.000 км
Што може да е маката и препорака за мајстор да види

Отсутен Mikius

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10138
Одг: Renault Kangoo 1.5dci 2002 Проблем со менувачот
« Одговори #1 на: 25 Јануари 2020, 15:17:54 pm »
Мајстор Тахир ;D ;D ;D

Се шегувам, никако таму.

Имаше добри дечки во сервис Виталеда, не знам дали сеуште работат.

Ми личи на Хидраулична пумпа на кумплунгот, хидрауличен лагер, или потисна плоча.

Провери ниво на глицерин, и дали е некогаш менуван.
« Последно менување: 25 Јануари 2020, 15:25:12 pm Mikius »

Отсутен bobi2006

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 19
Одг: Renault Kangoo 1.5dci 2002 Проблем со менувачот
« Одговори #2 на: 25 Јануари 2020, 17:39:53 pm »
Мајстор Тафо,после Алкалоид од Автокоманда према Маџари ,после школото ЕТУЦ Михалјо Пупин мислам дека се вика школото од лева страна е.Има телефонски броеви на интернет.
Кај тахир на Илинденска само ако сакаш да те обричи на суво,не ни помислувај!

Sent from my Redmi 6 using Tapatalk
« Последно менување: 25 Јануари 2020, 17:45:22 pm bobi2006 »