Јасно ми е тоа. На пр. јас да можев да си купам понова кола не би? Како ќе придонесе таа такса до тоа да си ја исполнам желбата за поново возило со подобри еколошки стандарди...
Ти ќе платиш да, ама твоето ќе биде симболично плаќање. Рецимо 100еур. Јас имам тдци и ќе биде лупам 60еур, и ЛПГто би требало да е 30еур по некоја логика. Рачунај тие пари во теорија би се потрошиле за подобрување на екологијата како еко планирање, садење... Ама затоа рачунај колку би било на 2500цц дизел од пред 20 години, или карбуратор? 200еур, 300еур, 500еур? Тогаш ќе размислиш за СЛЕДНОТО возило да ти е поеколошко, како рецимо малолитарец со плин или нешто такво.

Или некој сертифициран мотор со таму 99грама цо2 итн.
Убавите решенија не работат од денес за утре. Научија последниве години дека се што си инвестирал треба утре да ти се врати. Не оди така тоа. Ќе се врати за 5 години, за 10, па ќе опстои уште 50, па ќе донесе долгорочно подобрување.
P.S. Што се нас тиче, садете што е можно повеќе дрва наоколу. Тоа не е тешко. Како занимација. Ете ние засадивме 5-6 дрвца годинава, пред таа пак 5-6, и спремни уште 12-13 за следната во саксии. Секое домаќинство ако посади по неколку во својата непосредна близина, ќе сме многу понапред од сега.