Би сакал да пробам да нацртам:
(Фотографијата е скриена. Кликни тука за да ја прикажеш..)
Земи читни нешто што се случувало во Америка, ваљда знаеш дека црнците со години биле робови.
Проблемот со ропството е надминато многу многу одамна. Белците немаат проблем со црнците, САД имаше ЦРН претседател за кого гласаа и белци!
Многу спортисти се црнци. Белците ги бодрат од трибини.
Сега црните имаат проблем со белите, а најверојатно и со самите себе. Зошто да има потреба да се спомнува расизмот и ропството од минатото? Тоа е исто како евреите да протестираат за своите права во Германија? Како ние да се бориме за да се подигне свеста дека сме биле под турско ропство. Нема поента повеќе.
Целта на кампањата не е да се негира дека постојат црни, бели и жолти раси, целта е да се подигне свеста дека црнците со години се угнетувани
Гледи по интернет малку што се случуваше за време на протестите на блек лајф да видеш кој бил угнетуван.
Поентата е, Во Ф1 нема место за вакви пропаганди. Хамилтон приватно може колку сака да протестира зошто да ги тера сите возачи да му се приклучат?
Black lives matter полека станува расистички затоа што black lives matter more than white lives.
Да доцртам ако може за она што не си опфатил, а е прашано од Ангел претходно.
1. Да, Хамилтон е многукратен шампион благодарение и на болидот кој го вози. Да не беше така немаше да му дува во ауспух на Фетел 4 години по ред.
Наместо да се прашуваш " Дали Гросјан би бил шампион во истиот болид?" запрашај се дали воопшто Росберг ќе станеше шампион во друг, или пак Ботас ќе освојуваше пол позиции и ќе го гледаше на подиум. Мое скромно мислење е " мало сутра" и тоа не ништо чудно. Во ерата на Сена и доминацијата на Мекларен Хонда, има сезона каде овие болиди победиле 15 од вкупно 16 трки.
Повели:
Според ова видео, најлуд шофер е токму Фетел бидејќи е во (статистички) најмалку доминантен тим. Но ова е веќе друг муабет.
2. Имиџот, облеката однесувањето и постапките на познатите спортисти се денес побитни од било кога бидејќи благодарение на социјални мрежи истите може да се следат секојдневно, а следат најмногу деца и адолесценти кои за разлика од нас гледаат во нив многу повеќе: oд инспирација, до мотивација, lifestyle, имиџ, поглед кон светот и сл.
Во овј конктекст, едно е да дете да расте со постер на Сена или Џордан во соба, а сосема друго со ваков лингур.

Според мојот булшит детектор, он е жив доказ дека статистиката, титулите, парите дури и при некаков си талент за возење (кој не го оспорувам) не ти купуваат интелект и сенс за вистински животни вредности и ставови. Светот е полн со вакви ликови денес и во музика и во филм и во други спортови, а бидејќи ова е тема за Ф1 збориме за Хамилтон.
За тоа колку е платен, не сум се заинтересирал. Доволно банални ми се платите на сумите на фудбалерите со основно завршено чија едина способност во животот е трчаат и да шутираат по кружен објект наречен - топка. Според мене, треба да е подобро платен од нив, али поима немам искрено.
На крај, ти пак сакај си го. Не ми смета.
Одговорот и муабетот ти е шарен бидејќи и причините поради кои на луѓето Хамилтон не им се свиѓа се шарени и еве сега, донекаде фино образложени во еден пост.
Живели.
image upload free