[аналогија] Како што басистот кој статистички свири на најмногу продадени албуми не е најдобар (Ron Carter), така и шоферот кој има статистички најмногу рекорди во Ф1 не е најдобар. [/аналогија]
Не знам колку болидите на Сена и Прост биле доминантни тука (знам само дека се без електроника) ама додека Луис за да стане шампион во Мекларен мораше да биде пропуштен од Тимо Глок, (откако Фетел прелета покрај него во инфериорен болид), Сена имаше судар со Прост после кој се врати во трката , претекна се пред него и победи....за на крај да му ја одземат титулата.
Не го памтам ова (копиљ сум бил), али бар ми е јасно зашто брат ми закачи 3 на 2 постер од Сена во гаража.

Кој би го закачил Хамилтон денес на постер кај нас нека пише.
А и самиот има изјавено дека неможе ни да смисли како би било да го вози болидов под полна гас.