Сакав да го прескокнам видеово, као што има да се види ново за Балбек, но немав што друго за занимација и го изгледав.
Ме потсети на дамнешното туристичко патување кога го посетив.
Да ги ставиме на страна нагаѓањата што се спомнуваат во видеото за антигравитации и сл.
Кога се гледа на екран делува помалку грандиозно и од пирамидите, но кога ќе се најдеш на лице место остануваш без здив, те фаќа чувство на ништовност, почнуваш да сфаќаш колку си минорен во однос на "трилитончињата" и "семоќната Римска империја" на која можат да им позавидат и USA со нивните првоизградени облакодерчиња од пред само 100 години.
Малку ме фаќа носталгија за стариот изглед на Трудната жена кога сеуште беше полувкопан во земја, но од друга страна ископувањата покажаа и друга перспектива за која се дискутира во видеото.
ПС, тогаш туристичкиот водич си ја кажуваше "Римската верзија" за изградба
