@TeodoraR Многу е битно твојот став и исказ пред полиција/суд да го базираш на:
1. Не го возев/управував скутерот
2. Воопшто не ни седев на него
3. Полицијата ме испрашуваше за алкохол/дрога/случка, не беше сообраќајна контрола
4. Не го паркирав јас скутерот таму
Дали имаш точен опис за содржината на записникот? Што точно напишаа полицајците во него?
Во целата случка има елементи на прекршок, но се лабилни и може да се побијат.
Не сум правник, ама можеби некој што се занимава со право ќе даде подобар осврт.
А другите не бидете црепови, помогнете му на детето ако можете, не и попувајте дека згрешила или требала да направи нешто друго.
Очигледно прв пат има допир со закон и прекршок и незнае што да прави.