Автор Тема: Вградување на аудио/видео плеер со тач екран наместо стандардно радио  (Прочитано 3216 пати)

Отсутен ExtremeBt

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1444
Здраво дечки,

Веќе подолго време немам пишано (освен за Андроид играта), а и гледам слабо кастм работи се постираат, па си реков ај да споделам што правев пред некој ден на Мечката.
Мечката иначе е здрава и жива, си се тркала, тураме нафта и возиме ;D

Како што кажува насловот, наместив радио со тач екран на местото каде што беше старото радио. Исто така ја отстранив и пепелјарата (досега не ми била потребна), за да се пререди просторот.
Радиото е кинеско, вади солиден звук ко за такво и функционира се на него: пушта wma, mp3, mp4, avi, jpg, png од usb и micro sd, има fm радио, има микрофон за bluetooth зборање на мобилен, мобилниот полни преку usb-то, има screen mirroring итн. Вака одеше процедурата:

Најпрво набавив фолија најслична на махагонито (едино што нема сјај како ентериерот)


Направив шаблон за просторот кој беше отворен


Скроено од шперплоча според шаблонот


Скроен отвор за плеерот


Монтирано за проба


И на крај вградено




Веќе подолго време ми беше кеф да го апгрејдирам вака ентериерот. Добро е што не е ништо расипано, така да можи да се врати во фабричкиот распоред во било кое време.
Се надевам ви се допадна :)

И еве една бонус слика од колата

Отсутен Mikius

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10127
Браво, супер изгледа.

Присутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54796
  • Махер
Браво, најди некој ретро скин или бојата поодговарајуча на менито. Инаку погодено е ептен.

Присутен AUUU

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6937
Одлично !

Него со 315та што стори?

Отсутен ExtremeBt

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1444
@AUUU тука е, ретко се вози, не е регистрирано :)