Здраво на сите! Да се претставам и јас. Бојан од Скопје, со Honda Civic од 1990 1.4.
Колата ја земав со 170 000км и моментално има 189000км.
Главната идеја ми е да ја користам/конвертирам за нашите потреби, кампување, планинарење и патување.
До сега е сервисирано и променето скоро се што може, има нови гуми за лето и зима, и поминато една голема тура од 10 дена од 3200км низ цела Грција.
Конвертирана ми е да можеме да спиеме во нејзе, готвиме, гледаме филмови, слушаме музика, можеме велосипедите да ги носиме со нас и т.н.
Грција ни беше зимската тура, а сега за летово ја спремаме летната тура по Јадранска Магистрала накај Словенија, која ке трае 22 дена.
После турата план ми е да ја префарбам целосно, затоа што веќе почнува да станува неубава
Еве некој фотографии од колата направени при нашите патувања