Здраво на сите,
Се зачленив на форумов за да добијам совети за купување кола. Сакам да земам Opel Tigra TwinTop, секако половна бидејќи не се произведува од 2009 (инцидентно истата година кога последен пат сум возел

). Целам за бензинец 1.4 (1.8 ако успеам да најдам). Двосед, 90 коња (66 киловати). Планот ми е да ја однесам на сервис да ја проверат што треба да се смени за да биде колку-толку добра за возење.

Што мислите за колата? Има некој искуство со неа? Што да очекувам.
PS, знам дека колата личи како да девојка ми да ми ја позајмила на возење. Ги слушнав сите шеги.
