Автор Тема: Купување на странско возило од друг град.  (Прочитано 7007 пати)

Отсутен BrziGonzalez

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1298
Одг: Купување на странско возило од друг град.
« Одговори #15 на: 20 Март 2019, 19:14:38 pm »
@Luki Junior За да не ја носам колата на платформа до Битола разгледвам опција да се царини во Струмица и да си ја земам со возење.




Може да го направиш тоа што го сакаш само направи се на име на сопственикот што е колата моментално, и потоа откако ќе завршиш со сите процедури ќе направите купопродажен договор и си бегаш накај дома.

Отсутен Rakun4e

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 9193
  • Аstra la vista baby !
Одг: Купување на странско возило од друг град.
« Одговори #16 на: 20 Март 2019, 20:51:01 pm »
Работата е дали може само да се царини на негово име и да се извадат пробни таблици во еден ден и да си бркам хомологација тив тука во Битола.
Или сепак ке треба цела процедура да се заврши таму па после да си ја земам.

Целта ми е со едно одење да завршам работа.

Присутен Luki Junior

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4991
  • The Spartan General
Одг: Купување на странско возило од друг град.
« Одговори #17 на: 20 Март 2019, 22:17:25 pm »
@Rakun4e Малце е кнап со време, ама да може. Од сабајле ја носите на терминал и чекате да ја царинат. Спремате документи од претходниот ден со шпедиција. Јас последниот пат користев пријатели на моите и работата се заврши експресно до 11:00часот (мечето го внесов во 7:00). Претходно направете си и купопродажен договор за кога ќе излезете од царина да го заведете.

Шпедицијата која ја користев е Тери мак. Газдарицата се вика Танка (+389 70 253 753), а тој што ги брка работите/документацијата се вика Боби (+389 70 347 853).

Прашањето е дали ќе ти дадат пробни таблици без Хомологација/препознавање во Струмица. Не знам кои се условите за нив. Инаку се друго ќе завршиш и пред ручек. Ако даваат без хомологација тогаш супер. Ако не, ќе мораш да поднесеш во Струмица (АМСМ) и после ќе бркаш работа во Битола (ако може).

Fehlende Pferde Sterken sind mit Wahnsinn ersetzt.

Отсутен Rakun4e

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 9193
  • Аstra la vista baby !
Одг: Купување на странско возило од друг град.
« Одговори #18 на: 21 Март 2019, 16:01:02 pm »
Фала @Luki Junior !
Ке ги исконтактирам.