Автор Тема: Audi A4 B6 1.9 TDI Проблем со рикверц светло со трепкачи  (Прочитано 1542 пати)

Отсутен iDiesel

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 10
Здраво дечки.
Често го посетувам форумов, ама ретко постирам.

Имам еден проблем со моево количе.
Audi A4 B6 1.9 TDI 2004 Исправно и оддржувано до секое штрафче и копче  ;)

Имено, ми се појави еден проблем кој многу ме иритира. Додека возам нема никаков проблем со жмигавците.
Кога одам во рикверц задните светла работат без проблем (и двете).
НО, кога ќе убацам во рикверц а притоа дадам и лев или десен жмигавец (или 4 жмигавци), на бордот ми јавува дека задните жмигавци (лев или десен зависи кој ќе го вклучам) не работат. Позади навистина не работат жмигавците. Избацувам од рикверц, палам жмигавци и веднаш потоа жмигавците си работат а на борд се гаси грешката.

Некој со слично искуство?
Ако се наоѓате во возило кое се движи со брзина на светлината, што ќе се случи кога ќе ги вклучите светлата?

Отсутен Busav

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3743
Одг: Audi A4 B6 1.9 TDI Проблем со рикверц светло со трепкачи
« Одговори #1 на: 18 Јули 2018, 01:00:03 am »
Спој ти прави, извади ги штоповите види ги контактите некој корозија да не има фатено

Sent from my FIG-LX1 using Tapatalk

Барам девојка која ке си го продаде бубрегот за да си купам кола :)

Отсутен Pane-G

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 251
Audi A4 B6 1.9 TDI Проблем со рикверц светло со трепкачи
« Одговори #2 на: 17 Март 2019, 22:42:42 pm »
Здраво дечки ,да не отворам нова тема за Ауди А4 Б6 1.9 тди 2002 за банален проблем што ме нервира , нели како и сите коли кога застануваш го вадиш клучот и ја отвораш вратата и дава предупредувачки БИМ сигнал дека сте го заборавивте да исклучите светлото на фарот  е тоа веќе повеќе од шест месеци ми го нема таков сигнал пробав фабрички ресет и пак го нема БИМ сигнал ,а осигуравчите сите се исправни што може да е проблемот имате вакво искуство?? Било каков случки што имате вакви слични проблеми можно да е осигуравчи или релеј или нешто друго било што ??


Sent from my iPad Air 2 using Tapatalk
« Последно менување: 17 Март 2019, 22:47:59 pm Pane-G »