Веќе некое време размислувам за ново возило кое што ќе го замени тековното поради тоа што ни станува мало (особено со мало дете во семејството). Планот е да се земе некое компактно SUV и од тој аспект желбите се насочија кон VW Tiguan 2.0 TDI.
Поради тоа што не сум доста запознаен со техничките карактеристики на ова возило, иако доста читав и истражував за истото, ме интересира дали некој може да сподели мислење за него. Поконкретно ме интересира типот на мотор, чести проблеми, одржување, каросерија, ценовен ранг, итн. Секако, убаво би било доколку некој може да сподели лично искуство од прва рака.