Автор Тема: Мислење за VW Tiguan 2.0 TDI  (Прочитано 3254 пати)

Отсутен @ILE@

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 237
Мислење за VW Tiguan 2.0 TDI
« на: 18 Февруари 2019, 08:45:17 am »
Веќе некое време размислувам за ново возило кое што ќе го замени тековното поради тоа што ни станува мало (особено со мало дете во семејството). Планот е да се земе некое компактно SUV и од тој аспект желбите се насочија кон VW Tiguan 2.0 TDI.

Поради тоа што не сум доста запознаен со техничките карактеристики на ова возило, иако доста читав и истражував за истото, ме интересира дали некој може да сподели мислење за него. Поконкретно ме интересира типот на мотор, чести проблеми, одржување, каросерија, ценовен ранг, итн. Секако, убаво би било доколку некој може да сподели лично искуство од прва рака.


Отсутен vlatko.klp

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6480
Одг: Мислење за VW Tiguan 2.0 TDI
« Одговори #1 на: 18 Февруари 2019, 08:51:12 am »
Мислам дека претходнава генерација тигуани поготово со 2.0 тди испаднаа едни од поиздржливи модели без никакви големи проблеми, така да најбитно е кога бараш е да најдеш добар примерок, не најевтино, зошто добрите примероци уствари никој скоро и да не ги продава така да со среќа во потрагата.

Отсутен terzziski

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 710
Одг: Мислење за VW Tiguan 2.0 TDI
« Одговори #2 на: 18 Февруари 2019, 13:12:04 pm »
@darko mk5 Еве еден сопственик на Tiguan, тој може да сподели искуства.

Отсутен darko mk5

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3600
    • http://forum.carclub.mk/index.php/topic,7477.0.html
Одг: Мислење за VW Tiguan 2.0 TDI
« Одговори #3 на: 19 Февруари 2019, 10:14:40 am »
Го земав со 202к и за неполна година поминав околу 40к. Како недостаток се неудобните седишта и сеуште се мачам да си ја најдам возачката позиција. До сега, според Митревски за менување се само стабилизатори и 4 греачи. Зимоска на -18 во Маврово, со мртви греачи се мачеше да запали... 4-5 верглања си бараше.

Ниеднаш не ми појавил дефект на дпф. Мојот е 170кс и троши 10. Све останато е перфект. Кодот на мотор е CBBB и е постарата генерација.  Генерално гледано, јас сум презадоволен. Гледај да има паркинг сензори, бидејќи е малку непрегледен за паркирање во гужви.

Знае да нервира по некоја пластика али тоа е фелерваген, не е за изненадување :)


______________________________________
Code: MK1 Project: http://forum.carclub.mk/index.php/topic,10578.0.html

Отсутен @ILE@

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 237
Одг: Мислење за VW Tiguan 2.0 TDI
« Одговори #4 на: 19 Февруари 2019, 10:29:26 am »
Го земав со 202к и за неполна година поминав околу 40к. Како недостаток се неудобните седишта и сеуште се мачам да си ја најдам возачката позиција. До сега, според Митревски за менување се само стабилизатори и 4 греачи. Зимоска на -18 во Маврово, со мртви греачи се мачеше да запали... 4-5 верглања си бараше.

Ниеднаш не ми појавил дефект на дпф. Мојот е 170кс и троши 10. Све останато е перфект. Кодот на мотор е CBBB и е постарата генерација.  Генерално гледано, јас сум презадоволен. Гледај да има паркинг сензори, бидејќи е малку непрегледен за паркирање во гужви.

Знае да нервира по некоја пластика али тоа е фелерваген, не е за изненадување :)



Фала ти за одговорот, убаво е вака од лично искуство да се добие мислење. Ја пролистав и темата каде што ти е претставено возилото, има корисни работи што може да се дознаат.

Во принцип јас би одел со модел од 2009-2012 што би вклучило и фејслифт модел кој почнува од 2011 меѓутоа и малце поскап. Генерално гледано би одел на EURO 5 мотор со 140 КС и рачен менувач.