Автор Тема: Rover 45  (Прочитано 2278 пати)

Отсутен MarkoS

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 207
Rover 45
« на: 26 Мај 2013, 17:08:20 pm »
Здраво дечки!

Ајде и јас како нов член на форумов да го укрцам во каража количето мое... Сликава е од интернет пошто моментално немам оригинал слика од мојата ама е комплетно истата, и боја, фелни... Ќе ја постирам и мојата кај ќе ја сликам во брзо време.

Иначе е 2001 год. 1.4 бензин 76kw/103ks, фабрички на Ровер-от моторот му е од Хонда, така да паѓаа во вода сите муабети дека бил скап за одржување и се расипувал. Од опрема нема само ESP  :)

Поздрав...


Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54983
  • Махер
Одг: Rover 45
« Одговори #1 на: 26 Мај 2013, 17:17:24 pm »
Чекај малце со паѓањето во вода. Полека. Се во свое време.


Како е внатрешнсота?

Отсутен nsx-r

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 9213
Одг: Rover 45
« Одговори #2 на: 26 Мај 2013, 17:25:04 pm »
кој е овој мотор на хонда со 103 коња....

Отсутен FiLo

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6614
Одг: Rover 45
« Одговори #3 на: 26 Мај 2013, 17:29:32 pm »
На википедија пишува дека колата е правена во период на колаборација на ровер со ходна, и истава кола носи оваков мотор:
http://en.wikipedia.org/wiki/Rover_K-Series_engine

Инаку со здравје да си ја возиш :)

Отсутен MarkoS

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 207
Одг: Rover 45
« Одговори #4 на: 26 Мај 2013, 17:35:09 pm »
@Deni

Буквално иста ваква, со бели седишта само не толку нечисти  ;D

@Smichka

Еве Фило ни постира податоци од официјални извори...   :)

@Filomkd

Фала Фило да ти се врати поубава...


Отсутен negoznam

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 533
Одг: Rover 45
« Одговори #5 на: 26 Мај 2013, 20:36:45 pm »
Одлично количе со здравје да се вози.

Имав и вакво и 200-ка пред неколку години со истиот мотор и одлично се покажаа. И +1 за деловите, сеуште владее митот кај нас дека тешко се наоѓаат.

Отсутен Vladeee

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2215
Одг: Rover 45
« Одговори #6 на: 27 Мај 2013, 16:49:48 pm »
Со здравје да ја возиш, убав примерок. Тоа дека има ХОНДА мотор, вистината е дека нема, јас имав 25-ка со ист мотор, само блокот има гени од хонда, друго јок. Внимавај кај овие мотори имаат мана- дихтунг на глава (јас мојот 2 пати го менував) т.е. пази само на нивото на вода, Инаку ке и се изнавозиш. Делови имаш и во тетово и тука во Скопје ако ти требат информации пиши во ПП ке те упатам.
>>>>><<<<<

Отсутен Carpathian Lord

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 13915
Одг: Rover 45
« Одговори #7 на: 27 Мај 2013, 20:33:03 pm »


Иначе е 2001 год. 1.4 бензин 76kw/103ks, фабрички на Ровер-от моторот му е од Хонда, така да паѓаа во вода сите муабети дека бил скап за одржување и се расипувал. Од опрема нема само ESP  :)


Тоа дека има ХОНДА мотор, вистината е дека нема, јас имав 25-ка со ист мотор, само блокот има гени од хонда, друго јок.

Rover 45 (1999–2005)

Овој модел нема Хонда мотор и се согласувам со Vladeee, НО има едно НО, Rover 45 носел Honda мотор како 1.6 и тоа има два типа на 1.6 - роверски и хондашки и тоа 1995-1999 моделот што кај нас е најчест.

Хондашкиот мотор доаѓал само со автоматски менувач (Honda 1.6 D-series) ако е со рачен менувач тогаш е роверски мотор K-series :)


Отсутен MarkoS

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 207
Одг: Rover 45
« Одговори #8 на: 28 Мај 2013, 02:56:53 am »
Фала ви што ми појаснивте за моторот, јас според тоа што имам читано и тоа што механичарот ми го има кажано знаев дека роверите бензинци носат хонда мотор, но изгледа не сите.

Иначе за деловите лесно се наоѓаат во Тетово, иако ги земаат од Скопје или Грција и цените се горе долу стандардни. Досега, ( пу, пу, да не го урочам... :-) ) се има покажано супер, освен редовен сервис филтри, масло, течности, свеќици, плочки за кочење, и БЕНЗИН :-) друго немам чепнато.

Поздрав...  :)