Автор Тема: Opel Astra K 1.4 2018  (Прочитано 6757 пати)

Отсутен dennis95

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 68
  • Q5
Opel Astra K 1.4 2018
« на: 10 Декември 2018, 00:59:01 am »
Здраво на сите, нов член сум па викам да почнам со претставување на возилотo.

На почеток краток вовед од кое возило дојдов до ова и кои ми беа побарувањата. Минатото возило ми беше Ауди а3 2004 1.9 105HP дизелаш, како секој дизелаш донесен од Италија со поминати 200k+КМ имаше некои ситни кварови на почеток од типот термостат, стар акумулатор, нефункционирање на прозор од возачка страна итн. Овие ситни кварови полека но сигурно прераснаа во посериозни како вакум пумпа, црево за турбо, ако не го возев некој период не ни палеше и сите овие проблеми полека таложеа некоја несигурност во мене спрема автомобилот, па така не бев спремен да тргнам на посериозна дестинација од страв дека нешто некаде ќе откаже, но поради тоа што и не сум тип што вози далечни дестинации сето ова го толерирав и справував соодветно, се додека не почна да тече уље кое после четири неделно малтеритирање по механичари се испостави дека турбината била при крај, што резултираше со трошок од 300евра во најмала рака. Тука дојдов до одлука дека не ми исплати да го сервисирам и овој квар затоа што има и други кварови(крцкање на ентериер и врати, нов наслоњач за рака, изљупен волан итн) кои исто би сакал да ги сервисирам за да продолжам да го возам.

Се одлучив да купам нов автомобил кој ќе биде хеџбек, бензинец, со четири врати, комотен во задниот дел со буџет до 17k евра.
Уште на почеток бев свесен дека нема да ја добијам моќта, брзината и потрошувачката на аудито со ова ниво на буџет, но на крајот на краишатата не ни ми беа потребни првите два фактори во секојдневието(ретко возам брзо), а за потрошувачката појдов со размислување дека поради тоа што не возам далечни релации(дневна траекторија ми е до работа и назад што е еднакво на 12км) не ми се ни исплати да сервисирам мотор дизлаш за градска вожња.

Па така со целата математика и консултирање со мој драг пријател член на форумов @kire95  (читај тежок опелаш) непознатата X испадна дека била Opel Astra K 1.4 2018 нели како што вика насловот, кое го купив пред неполни три недели од Аутомакедонија Скопје.
Но вреди да се напомене дека одлуката и не беше така лесна, поради тоа што има голем избор на возила и се доста конкурентни меѓу себе се мислев помеѓу неколку, но како најзначајни финалисти би ги издвоил Hyundai i30 2018, Kia Ceed 2018, Seat Leon 2018 и конечнава одлука што мислам дека најдобро одговара на моите побарувања.

Накратко за секоја од горниве наборени што им недостасува по мое мислење:
 Hyundai i30:
  • Во салон имаа само основни модели, а за порачка требаше да се чека 3 месеци
  • Борд компјутерот не е вклопен(штрчи) во ентериерот
  • Разлика во цена
Kia Ceed 2018
  • Чуден мирис(кинески) во возилото уште на прво влегување
  • Брз пад на цена
Seat Leon 2018
  • Не доволна големина на простор во ентериерот посебно кај задните седишта
  • Огромна разлика во цена за недораснат Голф

Со тоа кажано еве ја и опремата на автомобилов:
Пакет: Enjoy+
  • Комфорт пакет 2
  • Електрика на прозори(предни и задни)
  • Паркинг сензори(предни и задни)
  • Климатроник(двозонска)
  • Автоматски светла
  • Сензори за дожд
  • Темпомат
  • Ограничувач на брзина
  • Светла за магла(предни и задни)
  • Металик боја
  • Резервно тркало
  • Електрика на ретровизори(греење)
  • LED предни светла
  • Кожен управувач и менувач
  • Радио 4.0 IntelliLink(AndroidAuto, Bluetooth, USB, 6 звучника)

Еве и неколку слики:








А еве и едно видевце од тивка вожња без радио(да се чуе машината)
Not a valid vimeo URL

До сега сум повеќе од задоволен од возилово, испадна сe што очекував, нуди комотна вожња, солидна моќност, сите системи работат како што се предвидени, па ќе видиме за во иднина. Топло го препорачувам на секој што ги има моиве или слични предиспозиции за нов автомобил.

За крај нели останува прашањето
А колку троши крцкалчево бате?
-Патниот компјутер вика дека на досега изминати 636KM троши 7.5L на 100KM, со просечна брзина од 26kmh што укажува на тоа дека е возено до сеа градска, приметувам дека како што ја возам потрошувачката опаѓа ваљда уште е во процес на калибирање.

Поздрав.
« Последно менување: 10 Декември 2018, 01:26:11 am dennis95 »
Sent from my IPhone a.k.a Mobelix Dubai

Отсутен KaZaN

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3905
  • Шуруп Мајстор
    • Шуруп Мајстор
Одг: Opel Astra K 1.4 2018
« Одговори #1 на: 10 Декември 2018, 01:03:46 am »
Со здравје да се вози! Само убавини! Бомбона е.

Sent from my Redmi Note 5


Отсутен Ordevski

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1641
Одг: Opel Astra K 1.4 2018
« Одговори #2 на: 10 Декември 2018, 01:25:56 am »
Супер Астра! Со здравје да си ја возиш!

Sent from my SM-G935F using Tapatalk

Отсутен Bravo

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1728
Одг: Opel Astra K 1.4 2018
« Одговори #3 на: 10 Декември 2018, 01:54:36 am »
Одличен избор! Со здравје да се вози.

Отсутен зоки-златен

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7066
  • хаУс мајстор
Одг: Opel Astra K 1.4 2018
« Одговори #4 на: 10 Декември 2018, 06:32:04 am »
Со здравје да се вози!

Отсутен DENDE-LANCERED

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5548
  • LANCER EVO (GreeN EditioN)
    • http://forum.carclub.mk/index.php/topic,101.0.html
Одг: Opel Astra K 1.4 2018
« Одговори #5 на: 10 Декември 2018, 07:00:12 am »
So zdravje da se vozi.
Mnogu bezgrizni kilometri.

Turbo motorot e taka?
Kolku ks?
Nezno klikni na; http://forum.carclub.mk/index.php/topic,101.0.html      If you want to have a free ride!

Отсутен vlatko.klp

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6480
Одг: Opel Astra K 1.4 2018
« Одговори #6 на: 10 Декември 2018, 08:04:57 am »
Со здравје да се вози топ ауто, се надевам дека е со турбо мотор.

Отсутен Mikius

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10138
Одг: Opel Astra K 1.4 2018
« Одговори #7 на: 10 Декември 2018, 08:34:05 am »
Одлично расудување.
Со здравје возење :)

Отсутен Luki Junior

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5044
  • The Spartan General
Одг: Opel Astra K 1.4 2018
« Одговори #8 на: 10 Декември 2018, 08:52:23 am »
Со здравје да си го возиш опелчето. Ако е атмо ќе биди малку анемично, ама ништо страшно.
Fehlende Pferde Sterken sind mit Wahnsinn ersetzt.

Отсутен xnickx

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 75
Одг: Opel Astra K 1.4 2018
« Одговори #9 на: 10 Декември 2018, 09:23:08 am »
Со здравје да се вози и многу безгрижни километри :)

Отсутен zlatkoa

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3258
Одг: Opel Astra K 1.4 2018
« Одговори #10 на: 10 Декември 2018, 09:29:32 am »
Нека те служи долго и безгрижно.


Отсутен Filip MK

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2350
Одг: Opel Astra K 1.4 2018
« Одговори #11 на: 10 Декември 2018, 09:46:18 am »
Со здравје да си ја возиш, да те служи беспрекорно !!!
Претпоставката е мајката на сите заебувања

Отсутен riki_staff

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5856
Одг: Opel Astra K 1.4 2018
« Одговори #12 на: 10 Декември 2018, 09:52:01 am »
Браво,со здравје возење 😊

Sent from my EVA-L09 using Tapatalk


Отсутен dennis95

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 68
  • Q5
Одг: Opel Astra K 1.4 2018
« Одговори #13 на: 10 Декември 2018, 10:01:53 am »
@DENDE-LANCERED, @vlatko.klp  Не е турбо моторот, 100HP атмо. Знам дека прва реакција е WOW сигурно е тромо, јас мислам дека е сосема солидно со оглед на тоа дека е за 200кг полесна од претходната Астра Ј и подобрено управување нуди доста агилна вожња.
Sent from my IPhone a.k.a Mobelix Dubai

Отсутен Bravo

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1728
Одг: Opel Astra K 1.4 2018
« Одговори #14 на: 10 Декември 2018, 10:04:17 am »
@DENDE-LANCERED, @vlatko.klp  Не е турбо моторот, 100HP атмо. Знам дека прва реакција е WOW сигурно е тромо, јас мислам дека е сосема солидно со оглед на тоа дека е за 200кг полесна од претходната Астра Ј и подобрено управување нуди доста агилна вожња.
Друже, радувај си се на колата и планирај кај ќе шеташ со неа.
Не се замарај со глупости. Пријателски совет.